Skull and Bones — акционо-авантуристичка игра од 2024 г., развиена од Ubisoft Singapore и објавена од Ubisoft. Играта се врти околу пиратството и морнарската војна со фантастична средина во Источна Африка и Југоисточна Азија за време на доцниот XVII век, врвот на историската златна доба на пиратството. Skull and Bones била објавена за Amazon Luna, PlayStation 5, Windows и Xbox Series X/S на 16 февруари 2024 г., по повеќекратни одложувања и развојни тешкотии. Верзија за Google Stadia била планирана пред запирањето на услугата. Играта добила мешани одзиви од оценувачите. Играчки процес Skull and Bones, од 2017 г., била претставена како тактичка акциона игра поставена во опширна околина со отворен свет, нудејќи им на играчите гледиште од трето лице. Во оваа игра, играчите го преземаат управувањето на приспособлив пиратски брод, давајќи им слобода да се движат низ Индискиот Океан во едноиграчка кампања или да се здружат со до петмина други играчи за битки меѓу играчи (PvP-режим) во Спорните Води (англ. Disputed Waters). Стратегиските елементи на играта, како што е положбата на ветерот, играат клучна улога во стекнувањето предност за време на морнарските битки. Играчите имаат можност да купат различни бродови, вклучувајќи воени слопи (вид бродови), фрегати и бригантини, секој вооружен со оружја како минофрлачи, странични топови и ракети. Битките со непријателските бродови можат да вклучат и агресивни тактики за упад и качување на самите бродови, при што штетата се мери со здравствена лента.

Еден од најважните мигови на играта е нејзиниот повеќеиграчки режим „Лов за трофеи“ (англ. Loot Hunt), каде што две екипи се натпреваруваат во лов на скапоцености за да стекнат изобилие. Играчите можат да користат искачливи вранини гнезда на бродовите за набљудување и да користат шпионски очила за да ја испитаат нивната околина. Освен тоа, ограбувањето крепости и селишта служи како важен аспект на играта, додавајќи длабочина и разновидност на доживувањето со пиратски теми.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри на Ubisoft Entertainment Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Азија Категорија:Видеоигри што се одвиваат во Африка Категорија:Видеоигри со отворен свет __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__