Гвидо Пелегрино Ариго Понтекорво член наКралско друштво ФРСЕ (29 ноември 1907 - 25 септември 1999 година) бил шкотски генетичар роден во Италија.
Живот Гвидо Понтекорво е роден на 29 ноември 1907 година во Пиза во семејство на богати италијански индустријалци. Тој бил едно од осумте деца. Тој бил брат на Гило Понтекорво и Бруно Понтекорво.
Тој бил разрешен од функцијата во Фиренца во 1938 година, поради неговото еврејско потекло. Потоа побегнал во Британија во 1939 година со неговата нова сопруга Леоноре Фрејенмут (со германско потекло).
Институт за животинска генетика, Универзитетот во Единбург. 1938–40 и 1944–45 Катедра за зоологија, Универзитет во Глазгов, 1941–44 Одделот за генетика, Универзитетот во Глазгов, 1945-68 (професор 1956-68) Почесен директор, Одделение за клеточна генетика на MRC, 1966–68 Член на истражувачки кадар, Империјален фонд за истражување на ракот, 1968–75 Почесен консултант генетичар, ICRF, 1975–80
Понтекорво живеел и работел во Лондон по неговото пензионирање од Универзитетот во Глазгов во 1968 годинаSiddiqi, "Guido Pontecorvo. 29 November 1907 - 25 September 1999", Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society, p. 388. Починал во Сен Лук, Швајцарија, на 25 септември 1999 година додека бил на одмор, и таму е погребан со сопругата и неговата ќерка.
Наследство Зградата на Институтот за генетика на Универзитетот во Глазгов беше преименувана во Зграда Понтекорво во 1995 година во чест на Гвидо Понтекорво и за да ги прослави 50 години од институтот во Глазгов. Зградата Понтекорво е дел од комплексот на колеџот Андерсон сместен на патот Дамбартон во западниот крај на Глазгов. Зградата е празна од 2011 година и чека реконструкција. Дотогаш беше сместен еден од ретките сè уште оперативни патерностерски лифтови во ОК.
Во негова чест и име се доделува годишна награда Понтекорво, која му се доделува на студентт од последната година на додипломски студии на одделот со највисоки оценки.
Наводи
Категорија:Луѓе од Пиза Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Починати во 1999 година Категорија:Родени во 1907 година Категорија:Генетика Категорија:Италијански генетичари