Л’ка, Л’нка или Л’нга () — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција. Било населено со Македонци.
Географија Селото се наоѓало северно од Костурското Езеро, на 3 км северозападно од Тиолишта и на 3 км југоисточно от Шестеово. Лежело во југоисточното подножје на ридот на кој е сместена тврдината Градиште, поистоветена со градот Лонга или Лонгос, спомнат од средновековните автори.
Историја Селото е основано на крајот од византиското и почетокот на османлиското време. Спомнато е од Франсоа Пуквил во „Патешествија во Грција“ (1820, 1822 и 1826) како македонско село
Селото е напуштено пред 1880 г. поради свлечишта и поплави од реката која се спушта од Вишени, како и поради разбојништвото на албанските банди. Според Тодор Симовски селото се распаднало во немирните години на XVIII век, и неговите жители, заедно со оние од Старо Тиолишта го основале новото село Тиолишта.
Западно од Тиолишта се наоѓа црквата на Л’ка, наречена „Св. Атанасиј“, изградена во 1858 г.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур