Првутот е кожна состојба која главно го зафаќа скалпот. Симптомите вклучуваат лупење и понекогаш благо чешање. Тоа може да резултира со социјални проблеми и проблеми со самодовербата. Потешка форма на првут, која вклучува воспаление на кожата е позната како себореичен дерматит.
Причинната за појава на првутот е нејасна, но се смета дека вклучува голем број генетски и фактори од средината; состојбата може да се влоши во зима. Појавата не се должи на лоша хигиена,Dandruff. National Health Service а основниот механизам вклучува прекумерен раст на кожни клетки. Дијагнозата се поставува врз основа на симптомите.
Не постои познат лек за првут. Противгабичен крем, како кетоконазол, или кератолитички агенс, како салицилна киселина може да се користат за да се подобри состојбата. Првутот погодува околу половина од возрасните, при што мажите се почесто зафатени од жените. Се јавува кај луѓето од сите делови на светот. Првично се јавува во пубертетот, а поретко над 50 години.
Наводи
Категорија:Кожни болести