Трајан Гоцевски (роден во село Селник, Делчевско) ― македонски политичар.

Животопис Основно и средно образование завршил во Делчево.

На Економскиот факултет во Скопје, тој дипломирал во 1973 година. Последипломските студии од областа на економијата ги завршува во 1982 година со одбрана на магистерскиот труд со наслов: „Развој на малото стопанство“. Докторатот по економски науки со наслов „Меѓузависноста и влијанието на подготовките за одбрана и стопанскиот развој“, го одбранил во 1987 година.

По дипломирањето, тој се вработил во фабриката „Фротирка“ во Делчево.

Во 1974 година, тој бил избран за претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Делчево. Во 1978 година, тој бил избран за советник во Владата на Република Македонија. Во 1981 година, тој бил именуван за секретар на Републичкиот одбор за сообраќај и врски. Во 1988 година, тој бил избран за доцент на Филозофскиот факултет во Скопје, за предметите: Политичкиот и економскиот систем и одбраната на Македонија и Економика на одбраната. Во 1991 година, тој бил избран за декан на Филозофскиот факултет во Скопје, позиција која ја извршувал до 2009 година. Во 1992 година, професорот Гоцевски бил член на Владата на Република на Македонија и прв цивилен министер за одбрана. Тој е творец на цивилниот модел на одбранбениот систем на Република Македонија и архитект на мирното одвојување на Македонија од поранешна Југославија и на создавањето на независна и суверена Македонија. Во 1995 година, тој бил избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1999 до 2003 година, тој бил член на Советот за безбедност на Република Македонија.

Професорот Гоцевски претстојувал на универзитетите во Париз, Дижон, Виена, Клагенфурт, Ајндховен, Софија, Истанбул, Гетеборг, Љубљана, Загреб, Белград, Арнем итн.

Автор е на 80 книги и на преку 280 труда, објавени во македонски и во многубројни странски списанија, на македонски, на англиски, на француски и на албански јазик.

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Тој е член на Советот на центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Во 2019 година, тој бил именуван за член на Советот за безбедност на Македонија.

Библиографија

Надворешни врски Трајан Гоцевски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје

Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1991 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Декани на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски политичари