Петар Вангелов Погончев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет, а потоа член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Погончев е роден во 1875 г. во селото Загоричани, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Завршил IV клас гимназија во Софија и подоцна бил дел од Бугарската армија. Станал член на Врховниот комитет и во 1900 г. се вратил во Загоричани. Во септември 1902 година го пречекал и го помагал Анастас Јанков во неговата дејност која била против интересите на МРО.

Покасно Погончев ги сфатил погубните игри на врховистите и стапил во МРО и активно учествувал во Илинденското востание како војвода на четата од село Загоричани. Учествувал во преземањето на гратчињата Клисура и Невеска. Во 1904 година бил заробен и осуден на три години. Пролетта 1907 г. бил ослободен и повторно се активирал со револуционерна дејност.

Загинува во 1908 г. во борба со грчки андарти во село Горничево, или според други извори, во битка со турски аскер во с. Емборе, која се случила непосредно пред Младотурската револуција.

Георги Константинов Бистрицки пишува за него:

Поврзано

Козма Погончев

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Починати во 1908 година Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание