„Форми во создавање“ — поетска збирка на македонската поетеса Љубица Шопова. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 64 страници, е објавена во 2020 година од ПНВ публикации во 100 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-265-024-1.Љубица Шопова, Форми во создавање. Скопје: ПНВ Публикации, 2020.
Содржина Збирката се состои од 40 песни, поделени во четири циклуси: Апстрактно
Експерименти Игра на зборови Кратка биографија Додека чекав Емотикон Бои Најава Давеник Обратно од љубов Undo Рецепт
Форми во создавање Геометриски претпоставки Draft Средба со себе Опции Форми во создавање Царство Уште едно испиено кафе Update Во аут Копче
Кога бев облак Почетокот на заминувањата Кога бев облак Print Screen Кога ми недостасува болката Капут Т(е)ло Лет Капки на стаклото На фризер Сложувалка
Ахронија Време за одмор Ахронија Прогноза Долг Постоење Комарец Собно ехо Криенка Таман
Осврт кон делото Владимир Мартиновски ја оценил збирката како „концептуално доследно осмислено, поетички зрело и мајсторски заокружено поетско остварување“, додавајќи дека „во секоја песна на Љубица Шопова се излегува од „зоната на комфорот“ на готови и испробани поетски формули. Во својто осврт кон збирката, Ана Голејшка Џикова пишува: „Она што плени во дебитантската стихозбирка на Љубица е тоа што сè што е напишано е тука за да се создаде, за да излезе... на средбата со себеси. Низ песните, Љубица ја раскажува прогнозата за животот, преку силните (раз)врски со семејното јадро, мајчинската топлина, ритуалите со таткото, врската со она што е внатре, во домот, но и предизвикот свртен кон надвор... Притоа, темите се како месо, крв и роботика — песните функционираат на ниво со современото употребување социјални медиуми, компјутери, алатки што го поврзуваат човекот со иднината, со она што е форма на ново создавање, нова креација.“
Наводи
Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Македонски дела од 2020 година Категорија:Појавено во 2020 година во Македонија Категорија:Книги од 2020 година Категорија:Изданија на ПНВ публикации