Рибозомопатии ― болести предизвикани од абнормалности во структурата или функцијата на белковините на рибозомните составници или гени на рибозомна РНК или други гени чии производи се вклучени во биогенезата на рибозомите.
Рибозоми алт=Ribosomal rRNA subunits|десно|520x520пкс| Рибозомални rRNA подединици Рибозомите се неопходни за синтеза на белковините кај сите живи организми. Прокариотските и еукариотските рибозоми содржат скеле од рибозомна РНК на кое се наредени широк спектар на рибозомни белковини. Рибозомопатиите може да произлезат од абнормалности или на рибозомна РНК или на различните рибозомни белковини.
Номенклатурата на подединиците на рибозомна РНК е изведена од Сведберговата единица на секоја составница, која е коефициент на седиментација на ултрацентрифуга, кој е под влијание на масата и обликот. Овие единици (S) на подединиците на рибозомна РНК не можат едноставно да бидат додадени бидејќи тие претставуваат мерки за стапката на седиментација наместо за масата. Еукариотските рибозоми се нешто поголеми и посложени од прокариотските рибозоми. Целокупната 80S еукариотска структура на рибозомна РНК е составена од голема 60S подединица и мала подединица 40S.
Кај луѓето, една единица за транскрипција одделена со 2 внатрешно транскрибирани разделувачи шифрира претходник, 45S. Претходникот 45S на рибозомна РНК е организиран во 5 кластери (секоја има 30-40 повторувања) на хромозомите 13, 14, 15, 21 и 22. Тие се транскрибирани во јадренцето со РНК полимераза I. 45S е обработувана во јадренцето преку 32S на рибозомна РНК до 28S и 5.8S, и преку 30S до 18S, како што е прикажано на дијаграмот. 18S е составница на рибозомната подединица 40S. 28S, 5.8S и 5S, кои се транскрибирани независно, се составници на 60S. 5S ДНК се јавува во тандемски низи (~200-300 вистински 5S гени и многу расеани псевдогени); најголемиот е на хромозомот 1q41-42. 5S на рибозомна РНК се транскрибирана со РНК полимераза III. Не е целосно јасно зошто рибозомната РНК е обработувана на овој начин наместо директно да се транскрибира како зрела рибозомна РНК, но секвенцијалните чекори може да имаат улога во правилното превиткување на рибозомната РНК или во последователното склопување на рибозомните белковини.
Производите од оваа обработка во клеточното јадро се четирите главни видови цитоплазматска рибозомна РНК: подединици 28S, 5.8S, 18S и 5S. Клетките на цицачите имаат и 2 вида митохондриски молекули на рибозомна РНК, 12S и 16S. Кај луѓето, како и кај повеќето еукариоти, 18S на рибозомна РНК е составница на 40S рибозомната подединица, а големата подединица 60S содржи три видови рибозомна РНК ( 5S, 5.8S и 28S кај цицачите, 25S кај растенијата). 60S на рибозомна РНК делува како рибозим, катализирајќи го образувањето на пептидна врска, додека 40S ја следи комплементарноста помеѓу антикодонот на преносната РНК и информациската РНК.
Болести Абнормалната биогенеза на рибозомите е поврзана со неколку човечки генетски болести.
Рибозомопатијата е поврзана со атрофија на скелетните мускули, и ја поткрепува повеќето Дајмонд-Блекфановата анемија, X-поврзаниот подвид на вродена дискератоза, Тричер Колинсов синдром, Швахман-Дајмондов синдром и 5q-миелодиспластичен синдром, северноамериканска индијанска детска цироза, изолирана конгенитална аспленија,, и Бовен-Конрадиев синдром, CHARGE синдромот и ANE синдромот.
Прикажани се поврзаниот хромозом, генотипот при каталогот наречен Семрежни Менделови закон кај човекот, фенотипот и можните точки на нарушување: РибозомопатииИмеХромозомГенотипФенотипБелковинаНарушувањеDBA119q13.2RPS1930S до 18SDBA28p23-p22unknownDBA310q22-q23RPS2430S до 18SDBA415qRPS1730S до 18SDBA53q29-qterRPL35A32S до 5.8S/28SDBA61p22.1RPL532S до 5.8S/28SDBA71p36.1-p35RPL1132S до 5.8S/28SDBA82p25RPS730S до 18SDBA96pRPS1030S до 18SDBA1012qRPS2630S до 18SDBA1117p13RPS2630S до 18SDBA123p24RPL1545S до 32SDBA1314qRPS29DKCXXq28дискеринповрзано и со H/ACA мала нуклеусна РНК и со составницата теломераза на РНКTCS5q-5q33.1RPS1430S до 18SSDS7q11.21SBDS60S до 80SCHH9p13.3RMRPмитохондриска обработка на РНКNAIC16q22.1цирхинделумна загуба на заемодејството меѓу цирхинот и NOL11ICAS3p22.1RPSABWCNS12p13.31EMG118S до 40SCHARGE8q12.1-q12.2; also 7q21.11CHD7; исто така SEMA3EACESRBM28 Неколку рибозомопатии споделуваат особини како што е наследниот недостиг на коскената срцевина, која се одликува со намален број на крвни зрнца и со предиспозиција за рак. Други особини може да вклучуваат скелетни абнормалности и уназадување на растот. Сепак, клинички овие болести се различни и не покажуваат доследен сет на особини.
Дајмонд-Блекфанова анемија Со исклучок на ретките генотипови GATA1, Дајмонд-Блекфанова анемија произлегува од различни мутации кои предизвикуваат рибозомопатии.
Вродена дискератоза
Швахман-Дајмондов синдром Швахман-Дајмондовиот синдром е предизвикан од двоалелни мутации во белковината SBDS што влијае на неговата способност да ја спои хидролизата на гванин трифосфат преку гванин-трифосфатаза EFL1 со ослободување на eIF6 од подединицата 60S. Клинички, синдромот влијае на повеќе системи, предизвикувајќи коскени абнормалности и панкреасна и неврокогнитивна нефункционалност. Синдромот се поврзува со подединицата 60S во човечките клетки и има улога во спојувањето на подединицата и преведувачкото активирање во моделите на квасец.
5q-миелодиспластичен синдром 5q-миелодиспластичен синдром е поврзан со стекната хаплонедостиг на RPS14, составница на еукариотската мала рибозомна подединица (40S). RPS14 е критичен за склопувањето на 40S, а намалувањето на RPS14 во човечките клетки CD34 (+) е доволно за да биде рекапитулиран 5q-дефектот на еритропоезата со поштеда на мегакариоцити.
Тричер Колинсов синдром Тричер Колинсовиот синдром е генетско нарушување кое се одликува со деформитети на ушите, очите, јаболчната коска и брадата.
Хипоплазија на 'рскавица-коса Хипоплазија на 'рскавица-коса - некои извори самоуверено наведуваат како рибозомопатија, други се сомневаат.
Северноамериканска индијанска детска цироза Оваа цироза е автосомно рецесивна абнормалност на генот UTP4, кој го кодира цирхинот. Неонаталната жолтица напредува со текот на времето до билијарна цироза со тешка фиброза на црниот дроб.
Изолирана вродена аспленија
Бовен-Конрадиев синдром
Бовен-Конрадиевиот синдром е автосомно рецесивна абнормалност на генот EMG1, кој игра улога во составувањето на малата рибозомна подединица. Најмногу погодени деца биле од северноамерикански хутеритски семејства, но синдромот може да влијае на другите групи на население. Забележувана е скелетна дисморфологија и тешката преднатален и посленатален недостиг на растот обично доведува до смрт до една година.
Останато
Семеен рак на дебелото црево од тип X За разлика од мутациите на петте гени поврзани со поправка на неусогласеноста на ДНК, кои се поврзани со Линчовиот синдром со наследен неполипозен рак на дебелото црево поради микросателитска нестабилност, семејниот рак на дебелото црево од тип X предизвикува наследен неполипозен рак на дебелото црево и покрај микросателитската стабилност. Семејниот рак на дебелото црево од тип X е најверојатно етиолошки хетероген, но RPS20 може да биде вмешан во некои случаи.
p53 Патот p53 е главна појава за фенотипот на рибозомопатија. Рибозомниот стрес предизвикува активирање на сигналната патека p53.
Рак Клетките на ракот имаат неправилен облик, големи јадра, кои може да одговараат на нагорна регулација на транскрипцијата на рибозомскиот ген, а со тоа и висока клеточна пролиферација. Онкогените, како c-Myc, можат да ја регулираат транскрипцијата на рибозомна ДНК на директен и индиректен начин. Туморските сузбивачи како Rb и p53, од друга страна, можат да ја потиснат биогенезата на рибозомите. Дополнително, јадренцето е важен клеточен сензор за стрес и игра клучна улога во активирањето на p53.
Рибозомопатијата е поврзана со патологијата на различни малигни тумори. Неколку рибозомопатии се поврзани со зголемена стапка на рак. На пример, и SDS и 5q-синдромот доведуваат до нарушена хематопоеза и предиспозиција за леукемија. Дополнително, стекнатите дефекти во рибозомните белковини кои не биле вмешани во вродени рибозомопатии се пронајдени кај Т-лимфобластна леукемија/лимфом, рак на желудникот и рак на јајниците.
Наводи
Категорија:Генетски нарушувања по механизам Категорија:Рибозомопатија