Неаполи () — населба во Солун, Егејска Македонија. Населението брои 25.822 жители (2021). Во населбата е сместена црквата „Св. Ѓорѓи“, катедрала на Неаполско-ставруполската епархија
Географија Населбата се наоѓа во северозападниот дел на урбаното подрачје на Солун.
Историја Неаполи е основано во 1922 г. од грчки доселеници од Мала Азија, поточно од градот Невшехир во Кападокија. Новата населба го добила името Неаполи по грчкиот назив на Невшехир.
Населбата за првпат се спомнува на пописот од 1928 г. со 6.500 жители. Во 1934 г. со владина наредба кон Неаполи се припоени помалите доселенички населби Анагенисис, Троас, Омонија и Кунтурјоти. Со приклучувањето на другите населби како и близината на Солун, населбата почнала брзо да расте, така што во 1940 г. населението веќе се накачило на 13.052 лица.
Веднаш по Втората светска војна Неаполи е прогласено за градска населба со своја општина.
Население
Наводи
Категорија:Неаполи-Сикјес