Јопентол (трговско име Imagopaque ) е фармацевтски лек кој се користел како радиоконтрастно средство за снимање на рендген во Европа.
Медицинска употреба Употребата вклучувала ангиографија (слика на артерии ), венографија (слика на вените ) и подобрување на КТ скен, урографија (слика на уринарниот систем ), артрографија (слика на зглобовите), ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ERCP; слика на жолчката и панкреасниот канал ), хистеросалпингографија (слика на матката и јајцеводите ) и гастроинтестинални студии.
Можел да се инјектира во крвните садови или телесните шуплини или да се дава на пациентите орално преку уста.
Контраиндикации Хистеросалпингографијата е контраиндицирана за време на акутно воспаление во карличниот регион.
Несакани ефекти Несаканите ефекти вклучуваат гадење, повраќање, главоболка, како и низок или висок крвен притисок или пулс. Реакции кои се слични на алергија како што се осип се обично благи; глотален едем, шок и срцев удар се ретки.
Интеракции Јод-131, радиоактивен изотоп што се користи за снимање на штитната жлезда ( сцинтиграфија ) и терапија на карциноми на штитната жлезда, може да биде помалку ефикасен кога се користи во период од две до шест недели по примената на јопентол во организмот поради резидуалниот јод во телото.
Фармакологија
Хемија и механизам на дејство мини|Контрастна КТ на пациент со мозочни метастази од рак на дојка, пред (лево) и по (десно) инјектирање на контрастно средство што содржи јод Јопентол е радиоконтрастно средство кое содржи јод, растворлив во вода. Атомите на јод лесно ги апсорбираат рендгенските зраци, што резултира со поголем контраст на сликите со Х-зраци. Има ниска осмолалност, што значи дека растворот има релативно ниска концентрација на молекули; ова е обично поврзано со помалку негативни ефекти од контрастните средства со висока осмолалност.
Клиничкото испитување во фаза III заклучило дека јопентол создава слики со сличен висок квалитет како иохексолот и дека е подеднакво добро толериран од пациентите.
Фармакокинетика По интравенска инјекција, јопентолот се дистрибуира во екстрацелуларниот простор. Неговото врзување за плазма протеините е многу ниско. Супстанцијата не се метаболизира, туку се излачува во непроменета форма преку бубрезите, исклучиво со гломеруларна филтрација. Само 2% од јопентолот се излачуваат со фецесот. односно полувреме на елиминацијата е два часа.Cheng KT (2004). "N,N´-Bis(2,3-dihydroxypropyl)-5-N-(2-hydroxyethyl-3-methoxypropyl)-acetamidol-2,4,6-triiodoisophthalamide". Molecular Imaging and Contrast Agent Database (MICAD) [Internet]. PMID 20641971.Haberfeld H, ed. (2020). Austria-Codex (in German). Vienna: Österreichischer Apothekerverlag. Imagopaque 150 mg J/ml-parenterale Röntgenkontrastmittellösung.
Наводи
Категорија:Ацетанилиди Категорија:Статии со изменета назнака за CASNo Категорија:Лекови со нестандарден правен статус Категорија:Радиологија Категорија:Бензамиди