„Најубавата“ (италијански: Belissimma) — филм на режисерот Лукино Висконти (Luchino Visconti) од 1951 година. Главните улоги ги играат: Ана Мањани (Anna Magnani), Тина Апичела (Tina Apicella), Валтер Кјари (Walter Chiari), Гастоне Ренцели (Gastone Renzelli) и Алесандро Бласети (Alessandro Blasetti). Во филмот, Висконти дава социјално-психолошка студија на карактерот и на општествените прилики во Италија. Според една приказна, насловот на филмот доаѓа оттаму што Висконти, кога барал девојче кое ќе глуми во друг негов филм, се нашол опкружен од 4 000 мајки кои викале: „Моето е најубаво!“ Висконти го снимил филмот по комерцијалниот неуспех на филмот „Земјата трепери“, кога направил долга пауза во која бил посветен само на театарската режија. За својата улога на мајката која е посветена на тоа на своето дете да му обезбеди филмска улога, Мањани ја освоила наградата „Nastri d'argento“. Исто така, посебен куриозитет е тоа што во филмот се појавува познатиот режисер Бласети кој се глуми себеси.Najljepša, talijanski film (пристапено на 6.3.2024)
Синопсис На радиото објавуваат конкурс за „најубавото“ типично италијанско девојче на возраст меѓу шест и осум години за потребите на снимањето на еден филм. На конкурсот се пријавуваат речиси сите жители на Рим чии деца одговараат на бараната возраст, а меѓу нив е и Мадалена Чекони (ја игра Мањани) која го пријавува своето девојче Марија (ја игра Апичела). Иако девојчињата мора да покажаат и некаква дарба за глума, а Марија е целосно неталентирана, Мадалена е решена на својата ќерка да ѝ обезбеди филмска улога. Иако се работи за сиромашно семејство, Мадалена ја запишува Марија на курс по балет, на рецитација, ја носи на фризер и порачува да ѝ сошијат нов фустан. Сето тоа води до несогласувања во семејството, зашто таткото не го одобрува таквото непотребно трошење на парите...
Наводи
Категорија:Филмови на Лукино Висконти Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Италијански филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови од 1951 година Категорија:Филмови со Ана Мањани Категорија:Филмови со Тина Апичела Категорија:Филмови со Валтер Кјари Категорија:Филмови со Гастоне Ренцели Категорија:Филмови со Алесандро Бласети Категорија:Филмови за семејства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Рим