Вечер — македонски дневен весник со седиште во Скопје. Првиот број излегол во 1963 година, со што овој весник е втор најстар весник во Македонија, по весникот Нова Македонија. Од своето основање има карактер на дневен магазин со нагласено почитување на кратки текстови, фотографии и хумористичен дел. Директор е Бобан Богдановски Андрески, додека главна и одговорна уредничка е Елизабета Арсоска
Напомена При последната промена на сопствениците на весникот, адресата www.vecer.mk останала во сопственост на Драган Павловиќ Латас, последниот уредник на весникот пред промената на сопственичката структура. Поради тоа, на таа адреса сега постои портал со име „Вечер“, кој не е поврзан со дневниот весник.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Македонски весници