Влахов мост () или Црковен мост () — стар камен мост во селото Моштијан, Правишко, Егејска Македонија. лево|мини|250x250пкс|Поглед на мостот Мостот е најпознатиот мост во Правишко и најдолгиот долж реката Кастанес. Сместен е пред црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и Влаховата куќа.

Мостот е од отоманско време. Лакот има камени редови, кои се украсени со втор потенок ред. Во 2005 г., заедно со целиот околен плоштад, мостот е обновен и покриен со бетон и направени се камени парапети.

Наводи

Категорија:Мостови во Егејска Македонија