мини|257x257пкс|Бившиот американски претседател Барак Обама гестикулира за време на говор Гест ( = „движење на дел од телото“) — симболично движење со телото за невербално (без употреба на зборови) општење меѓу луѓе. Ова движење е најчесто со рацете или главата, но и со други делови од телото или со целото тело. Овој вид движење и општење се нарекува гестикулација. Гестовите често можат да бидат придружени со даден израз на лицето (мимика).Kendon, Adam. (2004) Gesture: Visible Action as Utterance. Cambridge: Cambridge University Press.

Постои огромна книжевност што ги опишува знаците на телото и нивното значење. Меѓутоа, треба да се има на ум дека во различни ситуации и во различни култури, истиот гест може да значи нешто различно. На пример, климањето со главата значи согласност во многу земји, но во други (на пример во Бугарија) значи одрекување или одбивање. Исто така, палецот е знак за „сѐ е во ред“, но во Грција значи „да се замолчи“. Малите деца обично тупкаат со нозете кога сакаат нешто. Одредени видови гестови се сметаат за многу груби и навредливи.

Гест може да значи и „постапка, дело, чин“.

Наводи

Надворешни врски

International Society for Gesture Studies __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Гестови