мини|Хаијан пред да го достигне својот врвен интензитет во близина на Филипините на 7 ноември Тајфун Хаијан (меѓународен код: 1330, шифра JTWC: 31 W, тајфун Јоланда на Филипините) — 35-ти тропски циклон во сезоната на урагани во 2013 година во северозападниот дел на Тихиот Океан и дванаесеттиот што го достигнал прагот на тајфун. Името Хаијан () доаѓа од списокот доставен до СМО од земјите што граничат со брегот на Тихиот Океан, во овој случај Народна Република Кина, и значи „буревесник“... Ветровите на овој супер тајфун, еквивалентен на ураган од петта категорија според од Сафир-Симпсоновата скала, достигнале брзини од 230 км/ч за десет минути и 315 км/ч во текот на една минута.. Се смета за најсилниот тајфун во сезоната во оваа област на земјината топка и еден од најнасилните досега.

Бил создаден како тропска бура западно од Маршалските Острови и класифициран како тајфун додека минувал над Сојузните Држави на Микронезија, а потоа се упатил на запад-северозапад. Неговата патека го води над Палау, Филипините, Виетнам, Лаос и Јужна Кина. Привремениот извештај од 15 ноември 2013 покажува повеќе од 4.000 мртви регистрирани од страна на филипинската влада и десетици илјади луѓе кои страдаат од глад, мораат да пијат небезбедна вода и без засолниште..

Оваа проценка се одвивала тешко заради огромните преостанати проблеми во комуникациите. На 22 ноември, бројот на жртви се искачил на 10.000, а 1.611 исчезнати.. На 30 ноември, Националниот совет за намалување и управување со природни катастрофи (NDRRMC) објавил 5.632 мртви и 1.759 исчезнати.. На 14 јануари, бројките се искачиле на 6.202 мртви, 28.626 повредени и 1.785 исчезнати.NDRRMC update on Yolanda effects

Името Хаијан било изземено од списоците со имиња што може да се користат во иднина за тропски циклон од страна на Светската метеоролошка организација на состанокот на 25 февруари 2014. Комитетот за тропски циклони утврдил дека името повеќе не треба да се користи во ротирачкиот список по штетата и загубата на човечки животи што ги нанел..

Наводи

Категорија:Природни катастрофи во 2013 година Категорија:Тајфуни од петта категорија