Јас сум легенда (англиски: I Am Legend) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2007 г. Филмот е преработка на филмот Човекот Омега од 1971 г., а во главната улога се појавува американскиот глумец Вил Смит.

Приказна „Моето име е Роберт Невил. Преживеав. Ако има уште некој, кој било... знај не си сам!“ — е очајничката порака на генијалниот научник Роберт Невил (Вил Смит). Но науката не можела да го прекине смртоносниот вирус, страшен, злобен и — направен од човечка рака. Необјаслив имун, Роберт е единствениот преживеан човек во она што останало во Њујорк, а можеби и во светот. Додека како последна надеж за човечкиот вид, очајнички се обидува да го уништи вирусот и со помош на сопствената имуна крв да го открие лекот против овој вирус.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Американски научнофантастични филмови