Тумбенска гробница II () — древномакедонска гробница од IV век п.н.е. сместена кај селото Тумба, Гуменџиско, Егејска Македонија.

Гробницата заедно со соседната Тумбенска гробница I се наоѓа североисточно од селото Тумба, на патот кој ја поврзува нераспознаената античка населба кај Тумба со древниот град Европ. Откриена е од археолозите откако веќе била ограбена. Представлява цистова гробница от IV век п.н.е., веројатно на член на хетајрите („Кралски другари“) — благородничката коњица која го придружувала кралот. Гробницата е изѕидана со рамномерно големи камења и бочно украсена со обоен гипс. Во одајата се откриени два погребни дарови — претежно керамички садови, што говори за тоа дека имало клине — погребно легло. Откриени се и човечки останки — делови од рака и нога. На лист од златен венец, погребен дар, е напишано името на покојникот — Ботак(ос), етимолошки поврзан со одгледувањето на добиток. Насипот на гробницата е направен постепено за да биде поголем. На 1 метар висина се откриени траги од гозбата во чест на покојникот. Уште еден метар погоре се откриени траги од втор обред — жртва за покојникот: црвенофигурно пелике со продупчено дно, ставено наопачки врз рамен ред камења, остатоци од позлатен бронзен венец, како и лошо зачувана бронзена монета.

Во 1986 г. гробницата е прогласена за заштитен споменик.

Поврзано Тумбенска гробница I

Наводи

Категорија:Древномакедонски гробници Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Пајонија (општина)