Семаглутид е антидијабетичен лек кој се користи во третманот на тип 2 дијабетес и лек против обезност кој се користи за долгорочно менаџирање на телесната тежина. Тој е пептид сличен на хормонот глукагонолик пептид-1 (GLP-1), модифициран со додавање на страничен синџир. Може да се администрира со субкутано или да се зема орално. Достапен е под заштитните имиња Ozempic и Rybelsus за дијабетес, и Wegovy за намалување на телесна тежина.
Семаглутидот е глукагонолик пептид-1 рецепторен агонист. Најчести несакани ефекти вклучуваат гадење, повраќање, дијареа, абдоминална болка, и констипација.
Бил одобрен за медицинска употреба во САД во 2017 година. Во 2021, бил 90-ти најчесто пропишуван лек во САД, со повеќе од 8милиони рецепти.
Структура и фармакологија Семаглутидот е хемиски случен на хуманиот GLP-1. Првите шест аминокиселини од GLP-1 отсуствуваат. Супституции се напревени на позициите 8 и 34 од GLP (односно на позициите 2 и 28 од семаглутид), каде што аланинот и лизинот се заменети со 2-аминоизобутерна киселина и аргинин, соодветно. Супституцијата на аланинот го превенира хемиското разложување со помош на дипептидил пептидаза-4. За лизинот на позиција 26 е поврзан долг ланец составен од 17 јаглеродни атоми и карбоксилна група. Тоа го зголемува врзувањето на лекот за плазматските протеини (албуминот), што овозможува подолго присуство на лекот во системската циркулација.
Полуживотот на семаглутидот во крвта изнесува околу седум дена (165–184 часа).
Наводи
Категорија:Антидијабетични лекови