Долап (, Саракацанејко; до 1927 г. Δολάπ, Долап) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението било етнички мешано.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, на 28 км северозападно од Сер и на 2 км јужно од Долна Џумаја.

Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Долап било мало македонско чифлигарско село.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долап-чифлик (Dolap-tchiflik) било село во Серската Каза со 6 домаќинства сочинети од 26 Македонци.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долап-чифлик (Dolap-chiflik) живееле 120 Грци. Ова е погрешен податок.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Селото се растурило во воените немири, така што во на пописот од 1913 г. се води како напуштено. Растурениот чифлик бил откупен од неколку сточарски семејства Власи-Каракачани. Затоа, во 1927 г. селото по нив е преименувано во Саракацанекко, во превод каракачанско.

Во 1928 г. селото е попишано со 59 жители, меѓу кои биле и 5 нови дојденци. Во следниот период населението на Долап значително пораснало. Меѓутоа, во 1970-тите подоцна почнало на големо да се иселува во градовите, иако продолжило да ги обработува своите имоти во Долап.

Население

Личности Петар Илиев (1889 – ?) — борец во МОО, I чета на VII Кумановска дружина

Наводи

Категорија:Долна Џумаја