Свети Јован Рилски — пештерна црква во селото Малки Цалим, Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач, Бугарија. Влегува во состав на Неврокопската епархија на Бугарската православна црква.

Историја Црквата е сместена во пештера на 1 км источно од селото. Според преданието, во пештерата живеел Св. Јован Рилски. Месното население го сметале за волшебник и го избркале, а тој ги проколнал со зборовите: „Сега сте триста, да останете триесет!“.

Наводи

Категорија:Цркви во Свети Врач (општина) Категорија:Цркви во Неврокопската епархија Категорија:Пештерни цркви во Бугарија