Арапчик, Арапџик или Арпачик — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Довишта во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во атарот на денешното Субашќој.
Историја Во XIX век Арапчик било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Арпаџик мало 160 жители Турци.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 60 жители. Селото се распаднало за време на Балканските војни и повторно не било обновено, поради што не се спомнува во подоцнежните пописи.
Наводи
Категорија:Историски села во Довишта