Бенди ― зимски екипен спорт кој се игра на голема ледена површина (во сала или на отворено) при што играчите од две екипи на лизгалки и со користење на стапови се трудат да го стават топчето во голот на противничката екипа.Ninh.co.uk: "The Rules of Bandy - EXPLAINED!", retrieved 14 October 2017

Бенди се игра на т.н. бенди-терен или бенди-лизгалиште, што всушност е рамна замрзната површина со димензии 90–110 метри на 45–65 метри, односно приближно колку едно фудбалско игралиште. Теренот е значително поголем од лизгалиштата кои обично се користат за хокеј на мраз. Правилата се слични на фудбалските правила: мечот се состои од две полувремиња кои траат по 45 минути, секоја екипа има 11 играчи (а еден од нив е голман), се користи една топка, теренот е со слична големина како фудбалскиот терен и постои правило за офсајд.

Бенди како спорт има заедничко потекло со фудбалот, хокејот на мраз, шинти и хокејот на трева. Потеклото на бенди е предмет на расправа, но неговите први правила биле напишани и објавени во Англија во 1882 година.

Најсилни држави во бенди во машка и женска конкуренција во моментов се Шведска и Русија; и двете земји имаат свои професионални машки бенди лиги. Во Русија, се проценува дека повеќе од еден милион луѓе играат бенди. Има организирани лигашки натпревари и во други земји, како: Финска, Норвешка и Казахстан. Главниот меѓународен натпревар за бенди за мажи е Светскиот шампионат во бенди, а главниот меѓународен натпревар за бенди за жени е Светскиот шампионат во бенди за жени.

Од 1890-тите до 1955 година, немало меѓународно раководно тело за бенди. Меѓународното раководно тело за бенди денес е Меѓународната бенди федерација (ФИБ) која била основана во февруари 1955 година. Во 2001 година, бенди бил признат како спорт од страна на Меѓународниот олимписки комитет. МОК ги признава и традиционалниот бенди со единаесет играчи во една екипа и бенди на лизгалиште (кој се игра на помало лизгалиште).

Наводи

Надворешни врски – Историјат и правила за бенди.

Меѓународна бенди федерација

Категорија:Екипни спортови Категорија:Игри со топка Категорија:Зимски спортови Категорија:Англиски пронајдоци Категорија:Руски пронајдоци Категорија:CS1-одржување: датум и година