TLC (скратено од T-Boz, Left Eye and Chilli или Tender Loving Care) ― американска женска група основана во 1990 година во Атланта, Џорџија. Најпознат состав на групата бил: Тиона „Ти-Боз“ Воткинс, Лиза „Лево око“ Лопес и Розонда „Чили“ Томас. Групата била многу успешна во текот на 1990-тите, кога имала девет топ-10 хитови на Billboard Hot 100, а четири од нив се нашле на самиот врв: „Creep“, „Waterfalls“, „No Scrubs“ и „Unpretty“. Групата снимила четири мултиплатинести албуми, вклучувајќи го и CrazySexyCool (1994), кој добил дијамантски сертификат од Здружение на музички сниматели на Америка (RIAA). TLC станала прва R&B група во историјата која успеала да продаде милион примероци од албум во Јапонија сертифицирано од Здружението на музички сниматели на Јапонија (RIAJ) за албумот FanMail (1999).
Со продадени над 65 милиони плочи во светски рамки, TLC е најпродаваната американска женска група на сите времиња. VH1 ги рангирал TLC како најдобра женска група со тоа што ги ставил на 12 место на списокот од 100 најдобри жени во музиката. Списанието Билборд ги рангирало TLC за едно од најдобрите музички триа, а исто така ги ставило на седмо место на списокот од најуспешни изведувачи од 1990-тите. Групата добила четири Греми награди, пет МТВ Видео Музички Награди и пет Soul Train музички награди.
Дваесет години по основањето, TLC ја добиле Наградата за исклучителен придонес во музиката на 17-те MOBO награди, а во 2013 година ја добиле наградата Легенда на Јапонските МТВ Видео Музички Награди. По смртта на Лопес во 2002 година, таа не била заменета со друга пејачка и групата продолжила да настапува како дуо. Во 2017 година го издале нивниот истоимен петти албум TLC. Во 2022 година, групата била примена во Булеварот на славните на црната музика и забава.
Членови
Тиона "Ти-боз" Воткинс (1990–денес) – главна пејачка, танцување, придружен вокал Лиза „Лево око“ Лопес (1990–2002; починала во 2002 година) – рапување, танцување, придружен вокал Кристал Џонс (1990–1991) – пејачка, танцување, придружен вокал Розонда „Чили“ Томас (1991–денес) – пејачка, танцување, придружен вокал
Дискографија
Студиски албуми
Ooooooohhh... On the TLC Tip (1992) CrazySexyCool (1994) FanMail (1999) 3D (2002) TLC (2017)
Наводи
Надворешни врски
TLC на MTV.com Дискографија на TLC на imusic.am
TLC на Last.fm
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Американски современ ритам и блуз групи Категорија:Американски женски групи Категорија:Афроамерикански женски музички групи Категорија:Музички групи од Атланта Категорија:Музички групи основани во 1990 година Категорија:Американски поп музички групи