Girls Aloud ― англиско-ирска женска поп-група основана во талент-шоуто „Popstars: The Rivals“ во 2002 година во Лондон. Во групата членувале: Шерил Твиди, Надин Којл, Сара Хардинг, Никола Робертс и Кимберли Волш. Во 2012 година, групата била прогласена за најпродавана женска група во Обединетото Кралство на 21 век дотогаш, со над 4,3 милиони продадени синглови и 4 милиони продадени албуми само во Обединетото Кралство. Биле номинирани за пет Брит награди, а ја освоиле наградата за најдобар сингл во 2009 година за „The Promise“.

Музичкиот стил на групата претежно е поп, но во текот на нивната кариера тие експериментирале и со други стилови, како електропоп, денс-поп и денс-рок. Групата станала една од ретките изведувачи основани преку реалити-шоу во Велика Британија која имала континуиран успех, а до мај 2010 година заработиле 30 милиони фунти. Во изданието од 2007 година од Гинисовта книга на рекорди групата била наведена како „Најуспешна риалити-ТВ група“. Групата исто така го држи рекордот за „Најмногу последователни топ-10 записи во ОК од женска група“ во изданието од 2008 година и во изданието од 2011 година повторно биле наведени како „Најуспешна риалити-ТВ група“.

Во март 2013 година, по завршувањето на турнејата Ten: The Hits, групата заминала на неодредена пауза. Сара Хардинг починала од рак на дојка на 5 септември 2021 година, на 39-годишна возраст. Групата повторно се обединила во 2023 година, а во мај 2024 година преостанатите членови треба да тргнат на концертна турнеја насловена како The Girls Aloud Show.

Историја на групата

2002: Основање на групата Girls Aloud била основана на 30 ноември 2002 година во талент шоуто „Popstars: The Rivals“. Концептот на шоуто бил таков што во текот на шоуто требало да се формираат две групи, машки и женски, кои на Божиќ ќе се борат за првото место.

Girls Aloud ги победиле нивните ривали, One True Voice, и со песната „Sound of the Underground“ се искачиле на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија, каде што се задржала четири последователни недели. Во март 2003 година песната била сертифицирана со платинест тираж.

2002–2005: Sound of the Underground и What Will the Neighbours Say? Во мај 2003 година, групата го издала првиот албум, „Sound of the Underground“, кој се искачил на второ место на топ-листата за албуми во Велика Британија и подоцна беше награден со платинест сертификат. Од албумот биле објавени уште два сингла: „No Good Advice“, кој стигнал до второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и „Life Got Cold“, кој се искачил на трето место. Во ноември истата година, групата снимиla нов сингл „Jump“, кој бил вклучен во новото издание на албумот „Sound of the Undergorund“ и го зазел високото второ место на топ-листите за синглови.

По кратка пауза, Girls Aloud во јуни 2004 година издале нов сингл „The Show“, како најава за вториот студиски албум „What Will the Neighbors Say?“. Вториот сингл од албумот, „Love Machine“, се искачил на второ место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство. Третиот сингл бил преработка на „I'll Stand by You“ од The Pretenders. Иако песната не била добро прифатена од критичарите, таа се искачила на врвот на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство каде се задржала две последователни недели.

На 29 ноември 2004 година, групата го издала вториот студиски албум, „What Will the Neighbors Say?", кој го достигна шестото место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и набрзо бил сертифициран со платинест тираж. Последен сингл од албумот бил "Wake Me Up", кој завршил на четврто место на топ- листата. На почетокот од 2005 година, групата била номинирана за БРИТ награда за најдобар поп-изведувач. По успехот на албумот, Girls Aloud ја најавиле нивната прва турнеја, What Will the Neighbors Say...? која ја комплетирале во мај 2005 година.

2005–2007: Chemistry и The Sound of Girls Aloud лево|мини| Girls Aloud на настап во Лондон (2005). По нивната прва турнеја, Girls Aloud започнале да работат на нивниот трет студиски албум, Chemistry. Албумот се искачил на единаесеттото место на топ-листите за албуми во Велика Британија и добил платинест сертификат. Првиот сингл од албумот, „Long Hot Summer", бил објавен во август 2005 година и стигнал до седмо место на табелата за синглови. Вториот сингл од албумот била песната „Biology“, која дебитирала на четврто место и добила позитивни критики. Трет сингл била песната „See the Day“, која била објавена на Божиќ. Girls Aloud ја освоиле наградата Heart за синглот на O2, Silver Clef Lunch. Во февруари 2006 година групата отпатувала за Австралија и Нов Зеланд за да го објави „Biology“ и албумот Chemistry. И покрај еднонеделната промотивна турнеја, „Biology“ се искачил на дваесет и шестото место на ARIA Singles Chart, а групата не успеала да се пробие на австралискиот пазар. Четвртиот и последен сингл од албумот „Chemistry“ била песната „Whole Lotta History“, објавена во март 2006 година и која дебитирала на шестото место.

Во 2005 година, Girls Aloud снимиле документарен филм под наслов Girls Aloud: Home Truths. Успехот на овој филм подоцна го отворил патот за Off the Record, документарен серијал од шест во шест епизоди. Во мај 2006 година, Girls Aloud ја започнале нивната прва концертна турнеја, насловена како Chemistry: The Tour. Истиот месец, Girls Aloud биле преместени во Fascination Records, подружница на Polydor Records.

Во октомври 2006 година, Girls Aloud го објавиле нивниот прв компилациски албум со најголеми хитови, The Sound of Girls Aloud: The Greatest Hits. Албумот дебитирал на прво место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и бил продаден во над еден милион копии. Албумот бил придружен со синглот „Something Kinda Ooooh“. Girls Aloud станале прв британски изведувач кој се пласирал во топ-5 само преку преземање од интернет; синглот се искачил на трето место по неговото физичко објавување. Следниот сингл бил преработка на „I Think We're Alone Now“ и се искачил на четврто место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Во март 2007 година, Girls Aloud соработувале со британска женска група Sugababes за преработката на песната „Walk This Way“ од Аеросмит. Во мај 2007 година, Girls Aloud ја започнале нивната трета турнеја, The Greatest Hits Tour.

2007–2009: Tangled Up, Out of Control и пауза Girls Aloud го издале четвртиот студиски албум, Tangled Up, во ноември 2007 година. Од албумот биле објавени три сингла: Sexy! No No No..., Call the Shots и Can't Speak French. Во 2008 година Girls Aloud по вторпат биле номинирани за BRIT награда, овојпат во категоријата за најдобра британска група. Во мај 2008 година, Girls Aloud ја започнале турнејата Tangled Up која се состоела од 34 концерти во Обединетото Кралство. десно|мини|300x300пкс| Girls Aloud настапуваат во Глазгов за време на турнејата Tangled Up (2008) Girls Aloud потоа снимиле две нумери за саундтракот на филмот Девојките од Свети Тринијан (англиски: St Trinian's). Тие, исто така, се појавиле во филмот како училишна група.

Во ноември 2008 година, Girls Aloud го издале нивниот петти и последен студиски албум Out of Control, кој дебитирал на прво место на британската листа за албуми и станал нивен најуспешен студиски албум. Водечкиот сингл од албумот, „The Promise“, станал четврт сингл од групата кој се искачил на врвот на топ-листата за синглови во Велика Британија. Синглот, исто така, стигнал до второ место на ирската табела за синглови. „The Promise“ бил награден за најдобар британски сингл на BRIT наградите во 2009 година.

Од албумот групата објавила уште два сингла: „The Loving Kind“ и „ Untouchable“.Girls Aloud тргнале на турнеја Out of Control, која траела од април до јуни 2009 година.

Во февруари 2009 година, Girls Aloud потпишале нов договор со Fascination, според кој групата требало издаде уште три студиски албуми. Меѓутоа, во јули 2009 година, Girls Aloud објавија дека прават едногодишна пауза за да продолжат со соло-проекти, но повторно ќе се обединат за нов студиски албум во 2010 година, ветување кое не го исполниле. Два месеци подоцна, Girls Aloud накратко ја прекинале паузата и заедно со Џеј Зи се појавиле на два концерта на стадионот Вембли како поддршка за Coldplay.

2012–2013: Ten и распуштање По тригодишна пауза, Girls Aloud повторно се обединиле за 10-годишнината од основањето на групата. На 16 ноември 2012 година, групата објавила нов сингл, „Something New“. Групата ја објавила втората компилација со најголеми хитови, Ten на 23 ноември 2012 година. Вториот сингл од Ten, „Beautiful 'Cause You Love Me“, бил објавен на 17 декември 2012 година. Синглот не се пласирал во топ-40. Специјален документарен филм под наслов Девојки на глас: Десет години на врвот бил емитуван на ITV1 на 15 декември 2012 година. Во февруари 2013 година, групата ја започнала турнејата Ten: The Hits. На 20 март 2013 година, групата го одржала последниот концерт во Ехо Арена во Ливерпул. Неколку часа подоцна, на Твитер објавиле дека се разделуваат.

2021 – денес: Смртта на Сара Хардинг и шоуто „Девојките на глас“. На 26 август 2020 година, Хардинг изјавила дека ѝ бил дијагностициран рак на дојка кој напреднал на „други делови“ од нејзиното тело. Во март 2021 година, рекла дека болеста е во крајна фаза и дека „нема да дочека да види уште еден Божиќ“. Таа починала на 5 септември 2021 година, на 39-годишна возраст. На 24 јули 2022 година, Girls Aloud се појавиле во Хајд Парк за да ја подигнат свеста и за собирање средства за истражување на рак на дојка. Твиди, Робертс и Којл учествуваа на настанот, а Волш учествувала преку видео пренос.

Во мај 2024 година, групата треба да започне турнеја насловена како The Girls Aloud Show. Турнејата од вкупно 30 концерти ќе биде посветена на Хардинг и ќе служи како „прослава“ на нивната музика.

Дискографија

Sound of the Underground (2003) What Will the Neighbours Say? (2004) Chemistry (2005) Tangled Up (2007) Out of Control (2008)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Музички групи од Лондон Категорија:Добитници на Британски музички награди Категорија:Квинтети Категорија:Музички групи основани во 2002 Категорија:Музички групи распаднати во 2013 Категорија:Англиски синт-поп групи Категорија:Англиски женски музички групи Категорија:Англиски музички групи Категорија:Британски денс музички групи Категорија:Англиски поп-групи Категорија:Англиски женски поп-групи Категорија:Музички групи основани во 2002 година