Какараска (, Агија Елени; до 1926/1927 г. Κακαράσκα, Какараска или Καράσκα, Караска) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле на 12 км јужно од градот Сер и на 3 км источно од Киспикеси.
Историја Име Се смета дека името на селото доаѓа од дијалектниот збор за страчка (Corvus pica) — какараска.
Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Какараска било село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ од 1873 г. Какараска еднаш е претставена како село во Серската Каза со 76 домаќинства на 160 жители Македонци, а другпат како село во Демирхисарската Каза со 50 домаќинства на 170 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Какараска имала 500 жители Македонци.
На почетокот на XX век населението на Какараска било под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на селото се состоело од 336 Македонци патријаршисти и 48 Роми. Во Какараска работело грчко основно училиште. Подоцна селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија и имало бугарско училиште, а со тоа и бугарска пропаганда. Во 1908 г. грчки податоци селото имало 40 православни жители.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημοτικό Σχολείο Σκουτάρεως Σερρών
Во извештај од 20 јануари 1910 г. училишниот инспектор на Бугарската егзархија од Сер напишал:
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година имало само 22 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 186, што говори за тоа дека настрадало во Втората балканска војна. Во 1922 г. во Какараска се доведени Грци од селото Кости, југоисточна Бугарија, чии потомци и до денес практикуват нестинарство. На пописот од 1928 г. Какараска било етнички мешано село со 371 жител, од кои 196 лица (52 семејства) биле дојденци, а останатите македонски мештани.
На 28 декември 1926 г. селото е преименувано во Агија Елени, но името официјално стапило на сила во 1927 г.
Во 1933 г. е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.
Население
Наводи
Категорија:Сер (општина)