Неохори () — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 418 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во подножјето на планината Беласица, западно од Валовишта и Мандраџик, на надморска височина од 90 м.

Историја Основано е по Граѓанската војна (1946 - 1949) од жителите на селата Липош и Тодорич. За прв пат се споменува како населба во пописот од 1951 г. со 498 жители. Во 1961 г. Неохори се води со 731, во 1971 г. со 587, во 1981 со 499, а во 1991 г. со 752 жители.

Жителите на селото ги задржуваат своите имоти во старите села и сѐ уште ги користат.

Население

Самоуправа и политика Во 1960-тите, селото станало самостојна општина. Општината Неохори била приклучена во општината Беласица во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неохори, во кој е единствено село.

Наводи

Категорија:Синтика