Соколово или Чоколово (, Парапотамос; до 1927 г. Σοκόλοβο, Соколово) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 91 жител (2011).
Географија и местоположба Селото е сместено во Серското Поле, западно од Валовишта и југоисточно од Анатолу, на надморска височина од 80 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Соколово бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Соколово имало 250 жители Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 180 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 268 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 56 бегалски семејства (вкупно 226 бегалци), така што селото станало бегалска населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Парапотамос (Παραπόταμος).
Стопанство Селото се смета за мошне богато, бидејќи располага со плодно земјиште кое се наводнува од Бутковската Река која минува кај селото. Населението произведува тутун, памук, жито и други земјоделски производи.
Население
Самоуправа и политика Во 1919 година, селото станало самостојна општина. Општината Соколово била приклучена во општината Анатолу во 1925 година.
Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и истоименото село и Тодорово.
Наводи
Категорија:Синтика