GeoGuessr (се изговара: Геогесер, македонски: Геопогодувач) — прелистувачка игра развиена од шведскиот програмер Антон Вален, објавена на 9 мај 2013 г. Играта користи карти на Google Street View и бара од играчот да ја погоди местоположбата на улица/алеја/автопат во светот со тоа што ќе ја означи на Google Maps. Секој ден (во рок од една недела по објавувањето на играта), 100 — 300 илјади корисници ја посетуваат нејзината веб-страница. Од декември 2015 г, играта е достапна и како iOS-примена.
Развој Антон Вален сакал да оди на веб-страницата на Google Maps и да гледа далечни места на картите на Google Street View. Тој одлучил да додаде играчки елемент кон картите. Развојот на играта траел две недели. Вален ја користел библиотеката JavaScript, Backbone.js и верзијата 3 на API на Google Maps за да ја создаде играта. Вален ја објавил играта на Google Chrome Experiment на 10 мај 2013 г.
Играчки процес GeoGuessr го сместува играчот на пет алгоритамски одредени места низ светот. Местата се ограничени на патишта (фотографирани од камерите на Google Street View и прикачени на колата). Повеќето места во Азија и Африка, Јужна Америка и Средна Австралија и поголемиот дел од далечниот север во Канада и Русија се исклучени.
Прозорецот за уличен приказ на GeoGuessr не дава никакви информации освен слики од самата улица и компас; работи како што се патни знаци, растителност, стандард на живеење, клима и сообраќај на возилата се нудат како трага што можат да му помогнат на играчот да ја одреди неговата местоположба. Играчот може да се движи и по патишта. Откако играчот е подготвен да погоди местоположба, ќе го означи местото врз картата на Google што може да се зголеми. Потоа, GeoGuessr ја покажува вистинската географска положба и му доделува оценка на играчот врз основа на тоа колку оддалечена е означената местоположба на играчот од точното место. Бодовите се движат од 0 (ако точната местоположба е спротивна од предвидената) до 5000 (ако проценетата местоположба е на 150 метри од точната местоположба). Потоа на играчот му се прикажува ново место и процесот се повторува додека играчот не ги пронајде сите пет места. Максималното количество бодови е 25.000.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Игри за Windows