1867 Со Лондонскиот договор потврдена е независноста и неутралноста на Луксембург. 1946 Во Милано со концертот на кој диригираше Артуро Тосканини, повторно е отворена миланската Скала. Изградена е во 1778 г. од Џузепе Пермарини и собира 3.000 гледачи. Во неа настапуваа славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали - Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана. 1973 Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврди спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа е заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава. 2010 Дејвид Камерон станува Премиер на Обединетото Кралство со победата на Конзервативците на парламентарните избори. 11 мај
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 11 мај (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.