Улански Остров — речен остров во Вардар кај селото Уланци, во средишниот дел на Македонија. Островот е најголем од групата на Уланските Острови. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е втор најголем речен остров (средорек) во Македонија.
Опис Островот настанал со пресекување на меандра на Вардар, така што реката создала ракавец од којшто се образувал остров. Должината на островот изнесува 490 м, а неговата широчина е 140 м, така што зафаќа површина од околу 4,8 ха. Од бреговите е оддалечен 10-25 м. Вегетацијата на островот се состои од трева и дрвја. Посетуван е од месното население главно во летниот период.Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46.
Галерија
Поврзано Улански Острови Речни острови во Вардар Уланци Вардар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Речни острови во Вардар Категорија:Уланци