мини|Логото на Црвената полумесечина во Јемен Друштвото на Црвената полумесечина во Јемен ( арапски : جمعية الهلال الأحمر اليمني) е јеменско хуманитарно здружение основано во 1968 година. Групата е национална подружница на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Главни цели Говорејќи во 2018 година, генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Си, изјавил дека приоритетите за организацијата во 2019 биле: подготовка за следната пандемија; движењето за заштита на ранливите популации како жени, деца, раселени лица и лица со посебни потреби; и подготовка за прашања поврзани со климата.

Активности и историја Основање

Јеменската Црвена полумесечи била основа од Абдула Алкамези. Тој останал на функцијата генерален секретар до 2000-тите. Починал во 2017 година, откако не бил во можност да го добие потребниот медицински третман во Јемен.

Јеменската граѓанска војна

Друштвото на Црвената полумесечина во Јемен е една од малкуте групи на хуманитарни организации кои сè уште им помагаат на цивилите на теренот во Јемен во моментов. Неколку хуманитарни работници биле повредени или убиени при нивната работа во Јемен; четворица работници од Црвената полумесечина во Јемен починале во период од 6 месеци во 2015 година.

Поврзано

Список на Црвен крст и Црвена полумесечина Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Наводи

Надворешни врски

Друштвото на Црвената полумесечина во Јемен Меѓународниот комитет на Црвениот крст

Категорија:Црвен крст Категорија:Хуманитарни организации Категорија:Јемен