Нарине Абгарјан ( ) родена во Берд, провинција Тавуш, Ерменија на 14 јануари 1971 година) е руска писателка и блогерка со ерменско потекло.

Во 2011 година, Абгарјан беше номиниранa за наградата Голема книга и за лауреат на книжевната награда Јаснаја Полјана, Русија, во 2016 година.

Таа е авторка на Мануња, Луѓе кои се секогаш со мене, Три јаболка паднаа од небото, Симон и други. Во 2020 година, Гардијан ја прогласи за една од најпаметните автори во Европа.

Биографија Абгарјан е родена во Берд, провинција Тавуш, Ерменија, во семејство на лекар и учител.Најстара е во семејството од пет деца. Нејзиниот дедо од страна на таткото бил ерменски бегалец од Западна Ерменија, а нејзината баба била родум од Источна Ерменија. Нејзиниот дедо по мајка бил исто така Ерменец, родум од Карабах, а бабата Русинка, родум од Архангелск во Русија. Најстара е во семејството од пет деца.

Има син Емил Медников роден во 1995 година.

Образование Во 1988 година, Абгарјан завршила средно училиште во Берд, Ерменија. Посетувала и музичко училиште каде што се специјализирала за пијано.

Во 1993 година дипломирала на Универзитетот за јазици, Ереван Брусов. Дипломирала настава по руски јазик и литература. Подоцна се преселила во Москва каде работела како сметководител и продавачка.

Кариера Абгарјан пишувала блог за девојчето наречено Мануиња, кој ја фасцинирал писателката Лара Гал, и таа ја запознала автороката со уредникот на издавачката куќа Астрел-Спб. Автобиографскиот роман Мануња ја доби руската национална книжевна награда „Ракопис на годината“. Подоцна, Абгарјан продолжила да пишува трилогија за Мануња.

Во 2012 година бил објавен Семјон Андреевич, Ракопис во чкртаници – илустриран од Викторија Кирдиј.

Во 2014 година во коавторство со Валентин Постников, бил објавен Чоколаден дедо. Тоа е единствената нејзина книга за деца. Во август 2015 година, Абгарјан ја добила наградата за литература Александар Грин „за нејзиниот исклучителен придонес во развојот на националната литература“.

Во март 2020 година, нејзиниот роман Три јаболка паднаа од небото бил преведен на англиски од Лиза К. Хејден.

Романот на македонски јазик бил издаден во 2022 година од издавачката куќа „Муза“ - Скопје.

Мануња била изведена од Младинскиот театар СамАрт, Русија.Happy «Manyunya» «Samarskaya Gazeta», 13.12.2014Екатерина Шишикина В Омском ТЮЗе состоялась премьера спектакля «Манюня», поставленного петербургским режиссёром Евгенией Никитиной.

Во 2021 година започнало снимањето за ТВ адаптација на Мануња, а во 2023 година започнала работата на анимирана адаптација на Мануња од Сарик Андреасјан.

Награди

2011 – Награда за ракопис на годината за Мануња 2011 година – номинирана за наградата Голема Книга во 2011 година. 2013 – Награда Baby-Нoc. 2015 – Руска книжевна награда Александар Грин за исклучителен придонес во развојот на руската литература преку создавањето на особено значајно книжевно дело или дела. 2016 година – Награда „Јаснаја Полјана“ за номинација „XXI век“ за романот Три јаболка паднаа од небо.

Нејзината збирка раскази „Семјон Андреевич, хроника во чкртаници“ е прогласена за најдобра детска книга во последната деценија во Русија.

Библиографија мини| Абгарјан потпишува книги

2010 – Мануња, роман 2011 – Мануња пишува фантастичен роман, роман 2011 – Девојка за трансплантација, роман 2012 – Мануња, јубилеј на Ба и други агитации, збирка раскази 2012 – Семјон Андреевич. Хроника во чкртаници, роман 2014 – Луѓе кои се секогаш со мене, роман 2015 – Три јаболка паднаа од небото, роман 2015 – Среќата на Мура, роман 2016 – Зулали, збирка раскази 2016 – Луѓе од нашиот двор, збирка раскази 2018 – To Live On, збирка раскази 2020 – Симон, роман

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Руски блогери Категорија:Родени во 1971 година Категорија:Ерменци Категорија:Руски писателки