Тиквешките народни носии се дел од материјалната култура на Тиквешани и претставуваат репрезентативен дел од народното уметничко творештво. Во оформувањето на народните носии од Тиквеш, освен културно-историските прилики и творечкиот дух на народот, големо значење имале и географско-природните карактеристики на тиквешкиот регион кои ги определувале условите на стопанството и културата на населението.

Тиквешката женска и машка носија припаѓаат на средновардарскиот вариетет на народни носии кој е во состав во источномакедонскиот тип носии. Овие две носии се преоден тип и се надоврзуваат со носиите од Велешко и Гевгелиско. Според опсервациите на Ѓорче Петров, во Тиквешијата, под влијание на Солун, рано започнало напуштањето на традиционалните форми на облекување, и како и во многу други региони на Македонија, оваа носија била на пат да исчезне.*Забелешка: Во одредени предели (на пр. Неготинско), жените имаат облековни елементи слични, ако не исти со тие од мариовскиот крај

мини|лево|Селани во носии од с. Ракле, Раец (почеток на ХХ век)

Женската носија Тиквешката летна невестинска носија се состои од: кошула од бело ткаено памучно платно со декоративен вез „шуто лозена“ и „крстои“, ткаен волнен тесен појас украсен со прави напречни шарки, ткаена волнена бочва „скутале“ (зорт бочва) украсена со каро шарки, ткаено памучно палто „саѓија“, плетени волнени чорапи, плетени волнени подлактици и ткаена памучна крпа „турбан“ за на глава. На градите невестата носи гердан-врвца со нанижени пари. Карактеристичен облековен елемент на летната невестинска носија е китениот фустан „вртешка“ изработен со ткаење на шарена волнена преѓа. Зимски женски облековен елемент е горно палто „гунка“ од ткаена волнена преѓа. Кај женската облека, слично како во северните села околу Велес, уште кон крајот на 19-ти век се забележува влијание од градската мода. Заради својот поедноставен, урбан изглед, Мариовците – познати по нивната нагласено селска носија – со иронија ги нарекувале Тиквешани: „Пуста Тиквешија, пуста голотија“.

Машката носија мини|Германски војници и мажот во средина, кој бил облечен во носија од с. Мал Радобил, Раец (1917) Тиквешката машка летна носија се состои од: кошула од бело ткаено памучно платно, ткаен широк волнен појас „колан“ украсен со прави и каро шарки, набрано здолниште фуста (фустан) од бело ткаено волнено платно, долни машки гаќи од бело ткаено памучно платно, плетени волнени чорапи и памучно палто „сагија“. Фустанот како највпечатлив дел од оваа носија, бил од типот тосканска фустанела и според Ѓорче Петров, бил најдолг и имал најголем број клинови, во споредба со останатите фустани од регионот. Карактеристичен облековен елемент на машката летна носија е ткаена волнена скутина - вута, украсена со прави хоризонтални шарки, која се носи само кога се работи во поле. Зимски машки облековен елемент е горно палто „антерија“ од ткаена волнена преѓа со темен колорит.

Наводи

Надворешни Врски

Средновардарска носија

Пример за сличноста на неготинската и мариовската носија прикажана во Музејот на град Неготино Сликата во врска со горе-наведениот пример Втор пример од Музеј на град Неготино на втората страница Русалии и жена во носии од с. Клисура, Демир-каписко (Музеј на виното - Демир Капија)

Категорија:Средновардарска носија