Goodreads или Гудридс е американска интернет страница за социјална каталогизација на книги и подружница на Амазон. Оваа страница им овозможува на поединците да ја пребаруваат нејзината база на книги, прибелешки, цитати и критики. Корисниците можат да се регистрираат и да прикачуваат книги за да генерираат библиотечни каталози и списоци за читање. Корисниците исто така можат да создаваат свои групи со предлози на книги, анкети, блогови и дискусии. Седиштето на интернет страницата се наоѓа во Сан Франциско..
Гудридс била основана во декември 2006 година и лансирана во јануари 2007 година од Отис Чендлер и Елизабет Кури Чендлер. Во декември 2007 година, страницата имала 650.000 членови. а дотогаш биле додадени 10.000.000 книги. До јули 2012 година, страницата објавила дека има 10 милиони членови, 20 милиони месечни посети и триесет вработени. На 28 март 2013 година, од Амазон објавиле дека го купуваат Гудридс, и до 23 јули 2013 година, од Гудридс објавиле дека нивната корисничка база пораснала на 20 милиони членови.
До јули 2019 година, страницата имала 90 милиони членови.
Историја мини|Отис Чендлер Основачите на Гудридс, Отис Чендлер и Елизабет Кури Чендлер првпат се сретнале додека студирале на Стенфорд (инженерство и англиски соодветно). По универзитетот, Отис првично работел како програмер во онлајн бизниси, вклучувајќи страници за запознавање, а Кури Чендлер како новинарка. Чендлер и Кури пораснале во Калифорнија. Чендлер е потомок на издавачот на Лос Анџелес Тајмс, Отис Чендлер.
Основање и мисија Гудридс била основана во 2006 година. Идејата ја добил Отис Чендлер додека ја разгледувал полицата за книги на својот пријател. Тој сакал да го интегрира ова искуство и да создаде простор каде што луѓето ќе можат да пишуваат критики за книгите што ги читаат.
Гудридс го решава она што издавачите го нарекуваат „проблем на откривање “ при што им помага на потрошувачите во дигиталната ера да најдат книги што можеби ќе сакаат да ги читаат.
Раните години Пред да добијат многу корисници, Отис и Елизабет Чендлер ја развивале платформата преку нивните пријатели кога достигнале 800 корисници. На крајот, привлекле внимание преку медиумите како Мешабл (англиски Mashable) и други различни блогови. Во текот на првата година од работењето, компанијата ја воделе без никакво формално финансирање. Во декември 2007 година, страницата добила финансирање проценето на 750.000 американски долари. Ова финансирање траело до 2009 година, кога Гудридс добиле два милиони долари од Тру Венчрс (англиски True Ventures).
Во октомври 2010 година, компанијата го отворила својот интерфејс за програмирање на апликации, што им овозможило на програмерите да пристапат до нејзините оценки и наслови.
Во 2011 година, Гудридс ја купиле Дискаверидс (англиски Discovereads), пребарувач за препораки на книги што користи „алгоритми за машинско учење за да анализира кои книги би можеле да им се допаднат на луѓето, врз основа на книги што им се допаѓале во минатото и книги што им се допаднале на луѓето со слични вкусови“. Откако корисникот ќе оцени 20 книги, со пет ѕвезди, на својата скала, страницата започнува да дава препораки. Отис Чендлер сметал дека овој систем на оценување ќе биде подобар во однос на оној од Амазон, бидејќи Амазон ги зема во предвид и книгите што корисникот ги прегледувал или купил како подарок кога ги дава препораките.
Истата година, во Гудридс вовеле алгоритам кој им предлагал книги на регистрираните корисници и имале преку пет милиони членови. Мејси Халфорд од Њујоркер забележала дека алгоритмот не е совршен, бидејќи бројот на книги потребни за да се создаде совршен систем за препораки е толку голем што „до моментот кога ќе стигнев на половина пат, моите преференции за читање ќе се сменеа и јас морав да почнам одново“.
Од 2012 година, за користење на страницата е потребно членството иако бесплатно. Во октомври 2012 година, од Гудридс објавиле дека бројот на членови пораснал на 11 милиони со каталогизирани 395 милиони книги и преку 20.000 читателски клубови создадени од неговите корисници. Еден месец подоцна, во ноември 2012 година, членовите на Гудридс надминале 12 милиони, а базата на членови се удвоила после една година.
Аквизиција во 2013 година од Амазон Во март 2013 година, Амазон склучиле договор за купување на Гудридс за необјавена сума... Амазон претходно го купил конкурентот Шелфари во 2008 година, а со купувањето на Гудридс ја запрепастиле индустријата за книги. Здружението на автори на САД го нарекол ова „навистина разорен чин на вертикална интеграција“ и дека „контролата на Амазон на онлајн-продажбата на книги се приближува до несовладливото“. Од корисниците на Гудридс имало различни реакции. Основачот на Гудридс, Отис Чендлер, рекол дека „неговиот менаџерски тим ќе остане за да го чува процесот на ревизија“ со аквизицијата. Чендлер продолжил да работи со Гудридс до 2019 година. „Њујорк тајмс“ забележа дека Гудридс, во времето на купувањето, имал пореномиран систем за преглед од оној на Амазон.
Истакнувајќи дека некои автори биле „премногу агресивни во нивната самопромоција“ (како што Гудридс призна во е-пошта) и дека некои читатели одговориле со агресија, во септември 2013 година, од Гудридс објавиле дека ќе ги избришат, без предупредување, оние рецензии кои им се заканувале на одредени автори или го спомнуваат однесување на авторите. Од април 2020 година, упатствата на страницата наведуваат дека „ќе се бришат рецензиите кои се однесуваат на поведението на авторот, а не на книгата“.
2014–2019 година Во јануари 2016 година, од Амазон објавиле дека ќе го затворат Шелфари во корист на Гудридс, почнувајќи од 16 март 2016 година. На корисниците им било понудено можност да ги извезуваат податоците и да ги пренесат сметките. Во април 2016 година, ос Гудридс објавиле дека над 50 милиони рецензии на корисници биле објавени на интернет страницата.
Откривање на книги На интернет страницата на Гудридс, корисниците можат да додаваат книги на нивните лични „полици“, да оценуваат и прегледуваат книги, да видат што читаат нивните пријатели и автори, да учествуваат во дискусии и групи на различни теми и да добиваат предлози за идни избори за читање врз основа на нивните осврти на претходно прочитани книги. Исто така корисниците можат да додадат пријатели на својот профил, да ги видат нивните „полици“ и рецензии а истотака можат да коментираат на страниците на пријателите. Гудридс располага со систем за оценување од една до пет ѕвездички, со можност за придружување на рејтингот со писмен преглед. интернет страницата ги обезбедува следните категории - прочитани книги, книги шти ги читате во моментот, книги кои би сакале да ги прочитате - и можност за создавање персонализирани „полици“ за категоризација на книгите на корисникот.
Пристап до содржината Корисниците на Гудридс можат да читаат или слушаат преглед на книга на интернет страницата при користење на електронскиот читач Киндл (англиски: Kindle Cloud Reader) Гудридс нуди и квизови, цитати, списоци со книги и подароци. Членовите можат да го добијат редовниот билтен со нови книги, предлози, интервјуа со автори и поезија. Доколку некој од корисниците напишал дело, делото може да се поврзе со на профилот на авторот, која вклучува и блог на авторот. Од Гудридс организираат и офлајн можности, како што се лични размени на книги и друго.
Корисничка интеракција интернет страницата овозможува интеракција на читателите со авторите преку интервјуа, подароци, блогови на автори и информации за профилот. Исто така има и посебен дел за авторите со предлози, како да ги промовираат нивните дела на Гудридс. До 2011 година, „седумнаесет илјади автори, вклучувајќи ги Џејмс Патерсон и Маргарет Атвуд “ го користеле Гудридс за рекламирање.
Гудридс се присутни на Фејсбук, Пинтрест, Твитер и други социјални мрежи. Поврзувањето на сметката на GГудридс со сметките на социјалните мрежи ја дава можноста за увоз на контакти од сметката на социјалните мрежи при тоа проширувајќи ја листата на пријатели на Гудридс. Исто така, Гудридс може да објавува директно на сметка на социјалните мрежи при, што ги информира, пријателите на Facebook, што чита или како ја рангира книгата корисникот.
Податоци од каталог Податоците од каталозите на книги биле вметнати од различни затворени и отворени извори на податоци, вклучително и поединечни издавачи како што се Инграм, Амазон WorldCat и Конгресната библиотека.
Библиотекарите на Гудридс ги подобруваат информациите за книгите на интернет страницата, со уредување на информации за книги и автори и додавање слики од кориците. Членовите на Гудридс можат да аплицираат за волонтери библиотекари откако ќе имаат 50 книги на нивниот профил. А потоа се координираат на групата библиотекари на Гудридс.
Промена на изворот на метаподатоци Во јануари 2012 година, Гудриддсе префрлиле од користење на јавното АПИ за рекламирање на производи на Амазон за метаподатоци на книги (како што се наслов, автор и број на страници) на Инграм. Од Гудридс сметале дека барањата на Амазон за користење на неговиот АПИ се премногу рестриктивни, а комбинацијата на Инграм, Библиотеката на Конгресот и други извори би била пофлексибилна. Некои корисници биле загрижени дека нивните читачки записи ќе бидат изгубени, но во Гудридс осмислиле повеќе планови за да ја олеснат транзицијата и да обезбедат да нема губење на податоци, дури и за наслови кои би биле во опасност од бришење бидејќи биле достапни само преку Амазон како што се изданијата на Киндл и самообјавените дела на Амазон.
Во мај 2013 година, како резултат на купувањето на Гудридс од Амазон, Гудридс повторно почнале да ги користат податоците на Амазон.
Правичност на конкуренцијата и рецензии Во 2012 година, по лошата рецензија за нејзиниот роман „Изборот“, авторката Кира Кас ги охрабрипа своите следбеници на Твитер да ја „отфрлат [рецензијата]“ од насловната страница на Гудридс за книгата. Ова предизвикало гнев во јавноста и започнала дискусија за односот меѓу авторите и рецензентите на Гудридс. Истата година, Гудридс добиле критики од корисниците за достапноста и тонот на рцензиите објавени на страницата, при што некои корисници и веб-страници изјавиле дека одредени рецензенти ги вознемируваат и охрабруваат нападите врз авторите. Од Гудридс јавно ги објавиле своите упатства за рецензија во август 2012 година за да ги реши овие прашања. Откако Амазон ја купиле Гудридс, оваа политика била изменета за да вклучи бришење на која било рецензија што содржи „напад ad hominem или коментар надвор од темата“.
За купувањето, од Њујорк Тајмс рекле дека: „Гудридс беше ривал на Амазон како место за откривање книги“ и дека овој договор „ја консолидира моќта на Амазон да одреди кои автори ќе бидат изложени за нивната работа“.
Гудридс награди
Критика Критичарите го нападнаа недостатокот на развој и одржување на Гудридсs, заедно со неговата доминантна позиција на пазарот за рецензии на книги.Caroline O'Donovan, Goodreads was the future of book reviews. Then Amazon bought it., Washington Post (July 1, 2023). На пример, алгоритмот за препораки на Гудридс се повеќе се сметаше за примитивен. StoryGraph е основана во 2019 година како конкурент на Гудридс.
Бомбардирање со рецензии Системот за рецензија на Гудридс може многу полесно да се „изигра“ од другите онлајн платформи за рецензии на книги, иако Гудридс останува убедливо најпопуларната интернет страница за рецензии на книги. Од Амазон не дозволуват објавување на критики за повеќето книги кои сè уште не се објавени, а рецензиите на книги на Амазон покажуваат дали корисникот што ја напишал рецензијата ја купил книгата. Спротивно на тоа, секој регистриран корисник на Гудридс може да оцени или прегледувада критикува книга дури и без да добие однапред копија. Системот на Гудридс, како и опуштеното модерирање на содржината, биле критикувани. Системот за модерација е рачен и се соочува со голем број заостанати означени критики.