The Calling ― американска рок-група од Лос Анџелес основана во 1996 година. Групата ја основале фронтменот и гитарист Алекс Бенд и гитаристот Арон Камин. Нивна најпозната песна е „Whereever You Will Go“ која 23 недели била на врвот на Adult Top 40; оваа песна е на второ место во историјата на топ-листата по бројот на недели поминати на прво место. Песната подоцна била прогласена за „Песна на деценијата“ за 2000-тите на радиските поп-листи од списанието Билборд. Песната се наоѓала на првиот албум од групата, Camino Palmero (2001). Албумот добро се продавал и покрај неповолниот прием од музичките критичари.

Нивниот втор албум, Two (2004) бил поддржан од водечкиот сингл „Our Lives“, кој бил изведен на церемонијата на затворање на Летните олимписки игри во 2004 година, а била изведена и како прва песна на 78-то доделување на Оскарите. Групата се распаднала во 2005 година, но била возобновена во 2016 година. За време на историјата на групата имало неколку промени во составот, а Бенд е единствен преостанат оригинален член.

Членови

Сегашни членови

Алекс Бенд – главен пејач (1996–2005, 2013, 2016–денес); ритам-гитара, бас (2016-денес) Даниел Дамико – главна гитара, клавијатури, придружен вокал (2004–2005, 2016, 2023–денес) Дом Либерати – бас (2023–денес)

Дискографија

Студиски албуми

Camino Palmero (2001) Two (2004) Во најава (2024)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Добитници на MTV Europe музички награди Категорија:Музички групи од Лос Анџелес Категорија:Американски алтернативен рок музички групи Категорија:Музички групи основани во 1996 Категорија:Музички групи распаднати во 2005 Категорија:Музички групи основани во 1996 година