Марко „Бени“ Бенаси (италијански: Marco Benassi; роден на 13 јули 1967) ― италијански диџеј, продуцент и ремиксер. Тој се смета за пионер на музичкиот правец електро-хаус, жанр популаризиран од неговиот летен клупски хит „Satisfaction“ од 2002 година.
Живот и кариера Бени Бенаси е роден во Милано, а детството го поминал во Реџо Емилија. Музичката кариера ја започнал како диџеј во електронското дуо Benassi Bros кое го основал заедно со неговиот братчутед Алесандро „Але“ Бенаси. Иако почнувал да стекнува популарност под неговиот псевдоним, неговиот прв меѓународен хит „Feel So Fine“ (2001) го објавил под псевдонимот KMC.
Со неговата песна „Satisfaction" забележал огромен светски успех, а многу високоценети диџеи како: Карл Кокс, Дарен Емерсон и Роџер Санчез ја пофалиле песната. Песната се искачила на второ место на табелата за синглови во Обединетото Кралство, откако претходно издавачката куќа Ministry of Sound го заменила оригиналното видео (речиси неподвижна слика на групата, со многу графика) со ново видео во кое манекенки користат електрични алати за градежништво.
Во 2003 година, Бенаси го издал неговиот прв соло-албум, Hypnotica. Албумот бил позитивно оценет од критиката и е познат како албум-пионер во електро-хаусот. За албумот, во 2005 година Бенаси ја добил наградата European Border Breakers Award. Во 2004 година бил објавен првиот албум од Бенаси Брос, Pumphonia. Нивната песна „Illusion“ станала многу популарна во американската клупска сцена и се искачила на 4-то место на Hot Dance Club Play. Следната нивна песна „Hit My Heart“ стигнала до 15 место.
Во 2008 година, неговиот ремикс на „Bring the Noise“ од Public Enemy освоил Греми награда за најдобар ремикс. Во 2009 година, Бенаси се нашол на 26-то место на списокот од „Топ-100 диџеи“ според списанието DJ Mag, а во 2011 година бил ставен на седмо место на списокот од топ-100 диџеи на веб-страната од DJ List.
Дискографија
Студиски албуми
Hypnotica (2003) Rock 'n' Rave (2008) Electroman (2011) Danceaholic (2016)
Наводи
Надворешни врски
Artist Site at Ultra Records Fan site
Категорија:Добитници на Греми Категорија:Ремиксери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1967 година Категорија:Италијански музички продуценти Категорија:Италијански електронски музичари Категорија:Италијански диџеи Категорија:Музичари од Милано Категорија:Италијански музичари Категорија:Хаус музичари Категорија:Италијански денс-музичари