Чали Маала или Чалик Маала (, Микрокоми; до 1927 г. Τσαλή Μαχαλέ, Цали Махале или Τσαλίκ Μαχαλέ, Цалик Махале) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Турци и Роми.
Географија Селото се наоѓало близу десниот брег на Бутковското Езеро, на југ од Бутково и од денес напуштеното Ложишта.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Чали Маала било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Чале Махале (Tchale-mahalé) било село во Серската Каза со 128 муслимани.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Чали Махале живееле 120 Турци и 50 Роми.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 326 жители, но во 1920 г. не се спомнува, што значи дека селото веќе се распаднало.
Селото е обновано во 1924 г. кога тука се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. тоа броело 28 жители. Малку подоцна населбата се растурила, а нејзините жители се преселиле во Ложишта.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика