Милја или Средна Милја ( или Μεσαία Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 293 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 21 км западно од градот Катерина, во југоисточното подножје на планината Шапка, на надморска височина од 450 м.

Историја Неговото население уште од порано има грчко потекло. Во XIX век Милја било грчко село во Катеринската каза на Солунскиот Санџак.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 670 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 545 лица.

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи.

Население

Општествени установи

Основно училиште Поранешна градинка

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина. Во 1966 година, седиштето на општина Милја било префрлено во соседното село Долна Милја. Општината Милја била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат селата Горна Милја, Долна Милја, Кариес и Фтери.

Културни и природни знаменитости мини|Поглед на црквата „Св. Евстатиј“ Цркви

Црква „Св. Евстатиј“ — главна селска црква Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1898 година, прогласена за споменик на културата

Наводи

Категорија:Катерина (општина)