„Idi ti“ () е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е напишана од поетесата и текстописец Вјекослава Хуљич и продуцирана од Тончи Хуљиќ.
Розга премиерно ја извела песната во живо на настапот на „Melodije Hrvatskog Jadrana“ („Мелодии на хрватскиот Јадран“) на 26 јуни 2023 после што „Idi ti“ била издадена како сингл. Песната е емоционална балада во којашто пејачката го користи нејзиниот висок вокален регистар.
За време на издавањето, „Idi ti“ добила позитивни коментари од обожавателите на пејачката. Синглот бил комерцијално успешен, се искачил на 16-то место на хрватската HR Top 40 во крајот на неделата од 2 јули 2023. Пејачката исто така изјавила дека сака да издаде музичко видео за песната. Песната била исто така промовирана преку нејзини настапи на регионални концерти и свирки.
Заднина „Idi ti“ била напишана од Вјекослава Хуљиќ и продуцирана од Тончи Хуљиќ. Ја имала својата премиера во живо на настап на the Melodije Hrvatskog Jadrana на 26 јуни 2023. За време на интервјуто кое го дала кратко по настапот на песната, пејачката ја опишала како „омилената“ која Вјекослава ја напишала за неа. Песната има емоционален текст во којшто се работи за женски протагонист со скршено срце. Текстот, којшто вклучува метафора која се однесува на „дупки во паркетот“ станала тема на разговор меѓу обожавателите на пејачката.
Во август, истата година по издавањето, песната освоила Цезарица, награда во категоријата Хит на месецот. По издавањето, „Idi ti“ била главно добро прифатена од страна на обожавателите на Розга, коишто биле „восхитени“ од текстот и приказот на нејзините вокали.
Настапи во живо На 26 јуни 2023, Розга ја извела „Idi ti“ на „Melodije Hrvatskog Jadrana 2023“; покрај нејзиното ветување дека нема да настапува повеќе на фестивали, кога ја слушнала веста дека Томислав Мрдуљаш го организира настанот, Розга го сменила мислењето. За настапот таа се појавила облечена во виолетов футан додека сцената зад неа била осветлена од сино светло. Од април 2024, видеото има повеќе од 2.2 милиони прегледи на платформата за прикачување и гледање видеа Јутјуб. Пејачката ја извела песната во живо за време на свирка во Битола која се одржала на 7 август 2023.
Кредити Кредитите за песната „Оди ти“ се преземени од описот на видеото на Јутјуб на настапот во живо. Музика: Тончи Хуљиќ Текст: Вјекослава Хуљиќ Аранжман: Тончи Хуљиќ, Хрвоје Домазет
Табели На табелата објавена кон крајот на неделата за 26 јуни 2023, „Idi ti“ дебитирала на 16-то место на хрватската HR Top 40. Наредната недела, синглот се поместил на неговата највисока позиција од број 15. Синглот бил виден на табелата за последен пат на крајот на неделата на 29 октомври 2023, на број 38, откако поминал 18 недели таму. +Изведба на табели за „Idi ti“ Табела (2023) Највисокапозиија Хрватска (HR Top 40) 15
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Хрватски песни Категорија:Песни од 2023