мини|Природен споменик, Даб Хробри во Пјотровице Хробри — дабово дрво, најголемиот даб во Полска и еден од најголемите во Европа.
Тоа е монументален даб со едностеблесто, шупливо стебло, неговиот обем бил 1004 см, висина - 26 м и волумен - 90м³ (во 2014 година). Покрај тоа, тоа е најстарото дабово дрво во Полска. Староста на Даб Хробри е околу 760 години, според дендрохронолошките истражувања.Krzysztof Borkowski, Robert Tomusiak, Paweł Zarzyński. Drzewa Polski. 2016. p.154–157
Дабот е официјално зачуван (како природен споменик) од 1966 година.
Даб Хробри бил измерен најрано во 1908 година, од Теодор Шубе (германски ботаничар), обемот на дрвото бил 861 см .
Дрво било запалено од вандали во ноември 2014 година. Даб Хробри останал во фатална состојба, но во 2015 година дел од круната сè уште бил жив.
Поврзано
Бартек (даб) Бажински даб
Наводи
Литература
Павел Заржински, Роберт Томусијак, Кшиштоф Борковски, Джева Полски, PWN, Варшава, 2016 година, Кшиштоф Борковски, Polskie drzewa, Wyd. ДАЛПО, Познањ, 2014 година, Павел Зарзински, Роберт Томусиак, 90 години – Okazy niezwykłe Centrum Informacyjne Lasów Państwowych, Варшава, 2014 година,
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Споменици на природата на Полска Категорија:Поединечни дрва во Полска