Дискриминација на Роми во Македонија е систематско исклучување од општествениот систем на ромската заедница врз основа на нивната етничка припадност. Дпоред извори на државните органи, нивото на дискриминација кон оваа група е многу високо. Некои од најчестите проблеми со кои се среќава оваа популација вклучуваат недостаток на еднаков пристап до образованието, незаведување на деца во матични книги, нееднаков пристап до здравствениот систем и осигурување, проблеми во домувањето, вклучувајќи несоодветна електрична енергија, вода и пристап до санитација и ограничена слобода на движење. Покрај тоа, најранливите категории од групата, а тоа се жените и децата се препуштени на барање милостина и талкање по улиците.

Заднина Ромите се етничко малцинство кое живее на Балканот. Се одликуваат со посебен јазик, култура и вредности. Се смета дека за првпат почнуваат да се доселуваат во регионот во 14. век.

Проблеми Исклученост од образование Поради исклученоста од образовниот систем или нееднаквите шанси да пристапат кон иститe, најголемиот број Роми се наоѓаат ниско на квалифицираноста за пазарот на трудот. Некои од факторите поради коишто се случува исклученоста е бидејќи македонските родители не сакаат нивните деца да учат заедно со Роми.

Питање по улица Според податоци објавени од Националниот Ромски Центар, 98% од децата коишто се наоѓаат на улиците се ромски деца и жени. Најголемиот број од нив таму бараат милостина, чистат автомобили или продаваат предмети. Друго истражување, спроведено од страна на Канцеларијата на Народниот правобранител, евидентирало 328 Ромски деца питачи во ноември 2018 година. Најголемиот број од нив ги имало во градовите Скопје и Прилеп. Според нивните возрасни групи, на улица може да се забележат од бебиња до тинејџери и малолетници.

Интервенции Со цел да се намали дискриминацијата и исклученоста од општеството, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ) спроведува извештаи за состојбата во земјaта. Така, според извештајот од 18 март 2016 година до 30 март 2023 година, покрај согледувањето дека земјата отишла напред кога станува збор за справување со расизмот, оценката била оти сѐ уште има висока стапка на дискриминираност против Ромите. Неколку иницијативи биле преземени во рамките на Националната стратегија за Ромите 2016-2020. Така, за справување со проблемите со кои се справува заедницата, на припадници на ромската заедница им биле доделени социјални станови, а имало зголемен упис во предучилишното и основното образование. Владата покрај тоа усвоила и подготвила Стратегија за вклучување на Ромите 2022-2030 со којашто сака да ги вклучи Ромите од целата територија.

Поврзано Декада за вклучување на Ромите

Наводи

Категорија:Македонски Роми