Роберт Ли Хелмс (англ. Robert Lee Helms; 15 август 1933 – 19 јуни 1997), естрадно познат како Боби Хелмс ― американски кантри-пејач, најпознат по неговиот божиќен хит „Jingle Bell Rock“ од 1957 година.
Живот и кариера Роберт Ли Хелмс е роден во 1933 година во Блумингтон, Индијана. Тој започнал да настапува во дуо со неговиот брат Фреди, пред да продолжи со успешна соло-кариера во кантри-музиката. Во 1956 година, Хелмс се преселил во Нешвил, каде што потпишал договор за снимање со Decca Records. Следната година објавил неколку успешни песни. Неговиот прв сингл во 1957 година, насловен „Fraulein“, се искачил на прво место на топ-листата за кантри-музика и се пласирала во топ-40 на топ-листата за најпродавани синглови на Билборд. Подоцна истата година, тој го издал синглот „My Special Angel“, кој исто така завршил на прво место на кантри-топ-листата, а влегол во топ-10 на топ-листата за поп-музика од списанието Билборд.
Неговата песна „Jingle Bell Rock“, издадена во ноември 1957 година и продуцирана од Пол КоенDecca Records станала голем хит на која веќе во средината на декември се танцувало на тинејџерското танцово шоу од Дик Кларк American Bandstand. Песната повторно се појавила на топ-листите во четири од следните пет години и станала божиќен класик која се пушта и денес. Според StationIntel, песната е трета најемитувана божиќна песна на радио.
Во следните три децении Хелмс продолжил со снимање музика и турнеи. Бил примен во Куќата на славните на рокабили-музиката за неговиот придонес во овој жанр.
Хелмс страдал од емфизем, астма, дијабетес и стомачни проблеми. Починал на 19 јуни 1997 година од компликации од емфизем, на 63-годишна возраст.
Дискографија
Избрани албуми
Sings to My Special Angel (Decca, 1957) I'm the Man (Kapp, 1966) Sorry My Name Isn't Fred (Kapp, 1966) All New Just for You (Little Darlin', 1968) Pop-a-Billy (MCA, 1983)
Наводи
Надворешни врски
[ Helms biography at Allmusic website]
Категорија:Починати во 1997 година Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Американски пејачи Категорија:Американски кантри-музичари Категорија:Пејачи од Индијана Категорија:Американски поп пејачи Категорија:Американски текстописци Категорија:Американски кантри пејачи Категорија:Американски кантри кантавтори