десно|мини| Ана Павлова, една од најценетите балерини. Руски балет — танц што потекнува од францускиот двор. Подоцна се развил во Русија како посебен вид концертен танц. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижен облик на танц прифатен ширум светот. Првиот настап се одржал на дворот на царот Алексеј Михајлович () на Преображение, 17 февруари 1672 година.
Балетските претстави се кореографски игри кои вклучуваат мимика со музика.
Зборот „балет“ е изведен од латинскиот збор „ballare“, што значи танц.
Историја Балетот е облик на танцова изведба која потекнува од ренесансата во 15 век. Оттогаш, тој станал широко распространет како танцов облик со „сопствен речник“. Ги определува основните техники што се користат во многу други жанрови на игри. Од неговото создавање до денес, има многу стилски варијации. Раните варијации биле главно поврзани со географското потекло. Варијациите вклучуваат современ и неокласичен балет.
Најпознатиот балетски стил е создаден подоцна како романтичен балет. Претставува стил што се сосредоточува на танчерките (балерините) и ја нагласува техниката точка, точноста и прецизноста на акробатските движења.
Балетот се состои од кореографија изведена од обучени уметници. Се изведува во придружба на класична музика. Модерните балети може да вклучуваат мимика и глума. Се изведува во театри и концертни сали.
Развој на балетот мини|159x159пкс| Жан Батист Ланде Првото руско балетско училиште било отворено во 1732 година во Зимскиот дворец во Петроград, денешен Санкт Петербург.
Францускиот балет-мајстор, Жан Батист (франц. Jean-Baptiste Landé), бил основач на првото руско балетско училиште - „Танцова школа Империјал“, наменето за млади руски танчери.
Првите ученици биле дванаесет момчиња и дванаесет девојчиња. Целта на училиштето била да се образува првата професионална танцова група во Русија. Училиштето станало познато како „Царско балетско училиште“ кое било непосреден претходник на денешниот „Марински балет“. По револуцијата било затворено, но подоцна било обновено и денес е познато под познатото име „Марински балет“. Од ова училиште произлегле некои од најголемите балетски уметници од крајот на 18 и 19 век.
Балетот во 18 век Кога во 1738 година царската престолнина се преселила од Москва во Санкт Петербург, на предлог на Жан-Батист, ќерката на Петар Велики, Елизабета, со указ основала балетска школа во Санкт Петербург. Училиштето било основа на идното балетско училиште во 1738 година. Училиштето и денес постои под името Багнелова академија.Вагнелова академија
За време на владеењето на Катерина II, балетот во Русија се здобил со голема популарност и продолжил да се развива. По повод нејзиното крунисување во Москва, се одржал луксузен настап во дворец на која присуствувале благородници.
Жените носеле розови трикоа, шилести балетанки и кратки тутуа без оглед на епохата или местото на дејствијата.
Балетот во 19 век лево|мини|181x181пкс| Истомина Евдокија мини|171x171пкс| Екатерина Телешева мини|196x196пкс| Марија Таљони За време на владеењето на Александар I, рускиот балет го продолжил својот развој. За неговиот развој во ова време заслужен е познатиот француски кореограф Шарл Дидло (франц. Charles-Frédéric-Louis Didelot), кој дошол во Русија во 1801 година. Под негово водство, во рускиот балет се издвоиле познати танчери како Марија Данилова (), Истомина Евдокија (), Анастасија Лихутина (), Николај Голц (), Екатерина Телешева () и Вера Зубова ().
За време на владеењето на Николај I, рускиот балет продолжил да напредува и одржувал доминантна положба во однос на другите видови уметност. Балетот го привлекол целокупното внимание на театарското раководство.
Царот го сакал балетот и речиси никогаш не пропуштал балетски претстави. Поради судир со директорот на театарот, во 1831 година, принцот Гагарин () ја напуштил сцената во Санкт Петербург. Неговото заминување имало силно влијание врз положбата на балетот во Русија.
Новата талентирана европска балерина, Марија Таљони (итал. Maria Taglioni) дебитирала на 6 септември 1837 година во балетот „Силфида“ со кој го предизвикала восхитот на јавноста. Настапила повеќе од 200 пати, го напуштила Петроград во 1841 година.
Во Санкт Петербург во 1848 година на сцената дошла Фани Елслер (), позната по својата милост и мимика.
По нејзината посета на Санкт Петербург, на сцената стапила Карлота Гриси (итал. Carlotta Grisi), италијанска балерина. Својот најголем успех го постигнала во 1851 година во „Жизел“, покажувајќи се како првокласна танчерка и глумица.Балет у Русији За време на владеењето на Александар II, дошло до пробив на домашните таленти во рускиот балет. Голем број талентирани руски танчери ја краселе балетската сцена. На успехот значително придонеле одличните сценографи и сликари како Михаил Бочаров (), Матвеј Шишков () и Антони Вагнер ().
Балетот во 20 век лево|мини|237x237пкс| Портрет на Михаил Фолкин На почетокот на 20 век чувари на традицијата на академските уметници биле: Олга Преображенска (), Матилда Кшешинска (), Вера Седова (), Агрипина Ваганова (), Марија Кожухова () и Олга Спесивцвева ().
Во потрага по нови облици, делата на Михаил Фокин () се засноваат на стремежот кон современата уметност. Омилен облик на театарскиот кореограф бил чинот на балерина со јасно изразена стилска боја.
Првиот чин на балетот „Дон Кихот“, музика на Лудвиг Минкус, води до современата верзија на Александар Горски (), во 1900 година.
Бољшој балет мини|200x200пкс| Бољшој театар Бољшој балетот е меѓународно призната класична балетска компанија со седиште во Бољшој театарот во Москва, Русија. Основан во 1776 година, бил меѓу најстарите балетски училишта во светот. Добил меѓународно признание на почетокот на 20 век, кога Москва станала главен град на Русија.
Почетоците на Бољшој балетот биле многу скромни. И покрај фактот што во него настапувале многу познати балерини, се борел со угледот на Царскиот руски балет, денешниот „Марински балет“Марински балет во Санкт Петербург. Од назначувањето на Александар Горски за балет-мајстор во 1900 година, училиштето почнало да ја развива својата единственост.
Бољшој театарот бил затворен од 2005 до 2011 година, кога била извршена темелна обнова. Зградата била вратена на изгледот што го имала пред промените направени во советско време. Акустиката на салата била обновена, а расположливиот простор бил двојно зголемен со подземна доградба.
Марински балет мини|200x200пкс| Маринскиот театар Маринскиот балет е израз на класичниот балет. Бил основан во 18 век и првично бил познат како Царски руски балет.Империјал
Го основала е од една од водечките светски балетски куќи во Маринскиот театар во Санкт Петербург, Русија.Марински театар
На меѓународно ниво, Маринскиот балет продолжува да биде познат по своето поранешно советско име Балет Киров.
Маринскиот балет е матична куќа на Балетската академија Ваганова, водечка меѓународна балетска школа.Вагнелова академија
Балетски титули Примабалерина асолута - (највисока титула за играч на класичен балет, неколкупати доделена во историјата на балетската уметност) Прима балерина - (жени) Првенец (балет) - (мажи) Солист - балетски уметник кој игра прва и втора улога во претстави или соло делови (нумери) Ансамбл (машки и женски) - балетани кои играат заеднички сцени, без поединечни деловиБалетске титуле
Познати руски балети Фараоновата ќерка (1862) Малиот грбав коњ (1864) Царот Кандавл (1868) Дон Кихот (1869)Бајадера (1877)Заспаната убавица (балет) (1890)Оревокршачка (1892)Будењето на Флора (1894)Лебедово езеро (1895)Рајмонда (1898)Арлекинада (1900)Жар-птица (1910)Ромео и Јулија (1940)Пепелашка'' (1945)
Наводи
Категорија:Балет Категорија:Танц Категорија:Руска култура