Нигослав (, Никоклија, до 1926 г. Νικοσλάβη, Никослави) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Нигрита.

Историја Антика и средновековие На 4 км југозападно од Нигослав, на Богданска Планина се наоѓа античката и средновековна тврдина Хисар (Исар), која може да е античкиот град Алор.

Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Нигослав било село во Серската Каза. Во 1835 г. е изградена црквата „Св. Димитриј“.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигослав (Nigoslav) има 60 домаќинства со 128 жители „Грци“ и 40 муслимани. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигослав:

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Њагослав имал 130 Македонци христијани, 120 Турци и 200 Грци.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Никослав (Nikoslav) живееле 425 „Грци“.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 459 жители, а во 1920 г. тие пораснале на 554 лица. Во 1926 г. селото е преименувано во Никоклија. Во 1923 г. турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место во се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Нигослав е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 839 жители, од кои 84 дојденци (20 семејства), а останатите староседелци.

+ Месности во Нигослав преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Саиш Σάης Пидима Πήδημαвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (515 м) Коџа Каран Κοτζά Καράνι Дохион Δοχεΐονвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав Була Μπούλα Пигес Πηγέςвозвишение на Богданска Планина на Ј од Нигослав (238,6 м) Баракова Μπαράκοβα, Μπράκοβα Пардалон Παρδαλλόνвозвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Нигослав Бекератика Μπεκεράθηκα Амбелонес Άμπελώνεςмесност на ЈИ од Нигослав и на СЗ од Черпишта Кара Таш Καρά Τάς Маври Петра Μαύρη Πέτραвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (776,3 м) Чиплаци Τσιπλάκια Гимни Корифи Γυμνή Κορυφήвозвишение на Богданска Планина на З од Нигослав Харијат Χαριάτ Портес Πόρτεςвозвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Нигослав (414 м) Љаска Λιάσκα Фундукија Φουντουκιάвозвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Нигослав (356 м) Чучура Τσούτσουρας Ризомата Ριζώματαмесност на ЈЗ од Нигослав

Население

Општествени установи Хисар — тврдина од антиката и средниот век Црква „Св. Димитриј“ од 1835 г.

Наводи

Категорија:Визалтија