Ливадска стрнарка или сибирска ливадска стрнарка (Emberiza cioides) — врапчевидна птица од Источна Азија што припаѓа на родот Emberiza од семејството Emberizidae.

Опис лево|мини|150x150пкс| Emberiza cioides Музеј на Тулуза Ливадската стрнарка е долга 15 до 16,5 см. Мажјакот е претежно рѓесто-кафеав со темни пруги на грбот. Главата му е изразено шарена, кафеава со бели веѓи и сиви страни до вратот. Надворешните пердуви од опашката се бели, а нозете се розово-кафеави. Женките се слични, но се потемникави и побледи со помалку изразени шари на главата.

Песната им е кратка, избрзана фраза дадена со истакнато нагласување. Повикот е низа од најмногу четири остри ноти.

Се размножува во Јужен Сибир, Северна и Источна Кина, Источен Казахстан, Киргистан, Монголија, Кореја и Јапонија. Тоа е прилично непреселничко, но северните птици се движат на југ дури до Јужна Кина и Тајван. Постојат неколку записи од Европа, но многу од нив се сметаат за бегства од заробеништво, а не за вистински скитници. Се јавува во суви, отворени живеалишта како грмушки, обработливо земјиште, пасишта и отворени шуми.

Гнездото го градат ниско, во грмушки или на земја. Несат три до пет јајца и ги квачат 11 дена. Младите птици се одделуваат по 11 дена од изведувањето. Паровите се моногамни и користат исто подрачје за размножување неколку години по ред.

Распространетост Видoт е распространет во Кина, Казахстан, Киргистан, Монголија, Русија, Северна Кореја, Јужна Кореја и Јапонија.

Наводи

Надворешни врски Слики од ориентални птици: ливадска стрнарка

Категорија:Стрнарки Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Птици во Монголија Категорија:Птици во Киргистан