Ваут Феликс Лина Фас (роден на 3 април 1998 во Мол) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Лестер Сити и на белгиската репрезентацијата.
Технички карактеристики Централен дефанзивец, способен да игра и како бек или дефанизвен играч од средниот ред. Меѓу неговите најголеми квалитети се одземањето на топката и солидната брзина која ја поседува и покрај неговата висина и физичките предиспозиции; тој многу потсетува на бразилскиот фудбалер, поранешен играч на Челси, Париз Сен-Жермен и Арсенал, Давид Луис.Un talento al giorno, Wout Faes: il leader del Belgio del futuro tuttomercatoweb.com
Клупска кариера Откако израснал во младинските сектори на и , од вториот на 31 јануари 2017 година, бил позајмен на до крајот на сезоната 2016-2017. Откако заемот во клубот од Фризија му завршил, на 12 јули тој се преселил, повторно на привремена основа, во .
На 21 јуни 2018, тој се преселил во , со кого потпишал тригодишен договор. Под водството на неговиот поранешен тренер од младата белгиска репрезентација под 19 години, Герт Верхејен, кој исто така инсистирал на неговото доаѓање во клубот, Фас бил редовен стартер во центарот на одбраната во текот на целата сезона забележувајќи 40 настапи и 2 гола. На 24 август 2018, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 3-1 на домашен терен над .
На 31 јануари 2020 година, тој бил купен од францускиот клуб , со кого се врзал до 2024 година, но останал на позајмица во Остенде до крајот на сезоната. Откако официјално му се приклучил на Ремс на почетокот на сезоната 2020–2021, Фас го направил своето деби во Лига 1 на 23 август 2020 година, во ремито 2–2 на гостувањето кај Монако, во кое го одиграл целиот натпревар. На 1 ноември, тој го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 2–1 над Стразбур, со моќен удар со глава од корнер изведен од Валон Бериша.
Откако во дресот на Ремс одиграл две сезони во кои забележал 77 настапи и 5 гола, на 1 септември 2022 година, Фас се преселил во англиската Премиер лига каде потпишал со Лестер Сити во трансфер вреден 15 милиони евра. Седумнаесет дена подоцна, тој го направил своето деби во Премиер лигата во поразот со 6-2 од .
И покрај негативниот резултат остварен на неговото деби, тој бил пофален за неговото влијание врз одбраната на клубот и во следните седум натпревари од првенството, од натпреварот против Тотенхем до оној против на 9 ноември, помогнал клубот да забележи пет суви мрежи. На 30 декември 2022 година, тој имал негативен настап во поразот на лисиците од со 2-1, постигнувајќи два автогола со што станал четвртиот играч на кој му се случило тоа во историјата на Премиер лигата. На 28 мај 2023, Фас го постигнал својот прв гол за Лестер во победата над Вест Хем Јунајтед со 2–1 во последното коло, која сепак се покажала како пирова за „лисиците“ бидејќи тие испаднале во Чемпионшип, затоа што нивниот главен конкурент во борбата за опстанок, Евертон, исто така победил.
Репрезентативна кариера Фас ја претставувал својата земја во различни младински нивоа како: под 15, под 17, под 19 и под 21 година. За последната играл на Европското првенство 2019, каде забележал два настапи во елиминацијата на Белгија во групната фаза.
Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 8 јуни 2022, влегувајќи како замена во 84-тата минута во убедливата победа со 6-1 над во УЕФА Лигата на нации. Кон крајот на истата година, Фас заедно со соиграчите од Лестер Сити, Тимоти Кастањ и Јури Тилеманс, бил повикан во составот на Белгија за Светското првенство 2022.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 април 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-јан. 2017 ПЛ 0 0 КБ 0 0 ЛШ+ЛЕ 0 0 - - - 0 0 јан.-јун. 2017 Е 7+1Плејоф. 0 КХ - - - - - - - - 8 0 2017-2018 Е 19 0 КХ 1 0 - - - - - - 20 0 2018-2019 ПЛ 35 1 КБ 5 1 - - - - - - 40 1 2019-2020 ПЛ 28 0 КБ 2 0 - - - - - - 30 0Вкупно Остенде 63 1 7 1 - - - - 70 2 2020-2021 Л1 33 1 КФ 0 0 ЛЕ 2Во квалификациските рунди. 0 - - - 35 1 2021-2022 Л1 37 4 КФ 2 0 - - - - - - 39 4 јул.-авг. 2022 Л1 3 0 КФ - - - - - - - - 3 0Вкупно Ремс 73 5 2 0 2 0 - - 77 5 2022-2023 ПЛ 31 1 ФАКуп+ЛК 2+3 0+0 - - - - - - 36 1 2023-2024 ФЛЧ 35 2 ФАКуп+ЛК 1+2 0+0 - - - - - - 38 2Вкупно Лестер Сити 66 3 8 0 - - - - 74 3Вкупно во кариерата 208 8 17 1 2 0 - - 227 9
Наводи
Надворешни врски
Ваут Фас на soccerway Ваут Фас на transfermerkt Ваут Фас на espn Ваут Фас на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Ремс Категорија:Фудбалери на ФК Лестер Сити Категорија:Родени во 1998 година