Нунавут (инуктитут: ᓄᓇᕗᑦ ) е територија во Канада и најголемата и најновата федерална единица во земјата. Нунавут, на 1 април 1999 година, се отцепил од Северозападните Територии со Законот за Нунавут. и Договорот за сопственост на земјата на Нунавут иако границите на Нунавут биле создадену уште во 1993 година. Со создавањето на Нунавут се сменила територијалната поделба на Канада која не била изменета уште од соеднивањето на Њуфаундленд и Лабрадор во 1949 година.
Нунавут зазема голем дел од северниот дел на Канада и Канадскиот Арктички Архипелаг и го прави Нунавут четврта најголема територијална административна единица во светот. Главен град на Нунавут е Икалуит кој се наоѓа на островот Бафин. Покрај главниот град, поголеми центри се Ранкин Инлет и Кембриџ Беј. Нунавут е најслабо населена единица во Канада со население од 29.474 жители.
Населени места + 10 најголеми општиниОпштина20062001растИквалуит6,1845,23618.1%Ранкин Инлет2,3582,1778.3%Арвиат2,0601,8998.5%Бејкер Лејк1,7281,50714.7%Инглулик1,5381,28619.6%Кембриџ Беј1,4771,30912.8%Пангниртунг1,3251,2763.8%Понд Инлет1,3151,2207.8%Куглуктук1,3021,2127.4%Кејп Дорсет1,2361,1487.7%
Надворешни врски
Законодавен дом на Нунавут Влада на Нунавут: официјално мрежно место Туризмот во Нунавут
Наводи
Поврзано Канада Покраини и територии на Канада
Категорија:Покраини и територии во Канада Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година