Комитет на дезертери () — комитет формиран од велешките социјалисти Александар Мартулков и Јордан Шурков за време на првата светска војна. Комитетот бил формиран со цел да им помогне на ранетите Македонците, кои дезертирале од српската војска, да се префрлат во Царството Бугарија за безбедност. Според спомените на Александар Мартулков, комитетот успеал да обезбеди превоз за над 2.500 дезертери, други проценки сметаат дека околу 4.500 дезертери биле префрлани. Заради успехот, втора подгрупа била формирана, позната по прекарот „Турскиот комитет“. Турскиот комитет ја имал обврската да префрлa Македонски Турци од српската армија во Бугарија. Групата отворила станици во различни градови низ Западна и Источна Македонија но најголемите биле во Велес, Пехчево, Штип и Охрид.
Комитетот станал познат меѓу народот брзо откога бил формиран, како резултат од тоа тогашната српска власт вложила строги мерки да ги уапсиле главните водачи на префрлувањето. После неколку месеци во декември 1914 година Александар Мартулков, Јордан Шурков и други високи членови биле уапсани, но тие продолжиле со префрлувањето на војници со помош од турскиот комитет кои не бил укинат. Во јануари 1915 година последните канали на комитетот биле затворени и некои учесници и организатори во комитетот биле мачени или убиени. Комитетот успеал со нејзината цел но дел од нејзиниот успех бил уништен со вклучувањето на Бугарија во првата светска војна и нивната окупација на Србија. Комитетот имало големо влијание врз регионот и за време на идни војни слични комитети биле формирани. Според Димитар Галев, историчар од Струмица, комитетот го заслужил епитетот на најорганизирано тело од ваков вид на просторот на целата област.
Потекло мини|217x217пкс|Александар Мартулков, еден од основачите на дезертниот комитет.
Во 28 јуни 1914 година австрискиот принц Франц Фердинанд го посетувал градот Сараево, дел од тогашната Австроунгарска држава. При неговата посета некои српските активисти од националистичката организација Млада Босна како Трифко Грабеж, Гаврило Принцип, Недељко Чабриновиќ и Мухамед Мехмедбашиќ го организирале атентатот врз австроунгарскиот принц. Смртта на Фердинанд имало големи последици меѓу односот на тогашното Кралство Србија и Австроунгарија. Во 23 јули владата на Австроунгарија пратила ултиматум за српската влада, тие во 25 јули го одбиле. Заради одбивањето на ултиматумот во 28 јули 1914 година почна првата светска војна кога воздушната сила на Австрија го бомбардирале градот Белград. Во мемоарите на Александар Мартулков, тој спомнал како ултиматумот на Австроунгарија била невозможна за исполнување, и ако го прифатила Србија би ја претворила државата во австриски вазал.
Во тој период Александар Мартулков бил назначен како професор во селото Америќ, Белградски област. Но селото брзо се претворило како дел од ужасниот воен фронт и заради тоа Мартулков одлучил да престојува во Велес. За тоа време тој истакнал како двајца доброволци се пријавиле во српската армија за воено учество. После неколку недели српската армија почнала да регрутира велешани за воено учество, според Мартулков, тие од прво регрутирале луѓе меѓу 18 и 20 годишна возраст но брзо го прошириле до 30 и 40 годиншна возраст. Александар Мартулков бил против мобилизацијата на македонското население поради тоа што во тогашните српски весници нивното пожртвување било злоупотребно за ширење српска пропаганда во Македонија. Тие кои загинале во борбите биле претставени како „храбри јужносрбјанци“. Покрај крајот на јули Мартулков добил телеграм порака од неговиот другар, исто така социјалист, Јордан Шурков да го посетил градот Скопје за да ја виде ужасната ситуација.
Во тоа време состојбата на Скопје била полоша заради бомбардирањето на австриските воздушни сили. Во Скопје забележил Мартулков како имало протести од Македонците во градот против војната. Заради тоа што Скопје бил голем град со повеќе мобилизирани Македонци, тие биле првите градови во Македонија кои добиле новости за смртта и заробувањето на македонските војници. Кога пристигнал кај станот на Јордан Шурков тој ја открил конкретната причина зошто Шурков побарал да го посети Мартулков. Во дневната соба на Шурков биле двајца ранети војници — другари на Мартулков кои биле дел од мобилизацијата на српската армија, тие биле Кочо Бандиков и Петре Хаџи Ничов родум од Велес. Тие биле донесени за лекување во Скопје со наредби да се вратат во фронтот откако оздравиле, но тие нејќеле да си го ризикуваат животот за странски држави. Двајцата го помолеле Мартулков за како да постапиле во ваква ситуација.
После долг ноќовен разговор со неговите другари и Јордан Шурков, Мартулков одлучил да им помогне да се префрлат во Бугарија за да ја избегнеле српската мобилизација. Тие се договориле со следниот план: откако биле испишани од болницата и дадени наредбата да се вратат кон фронтот, тие би патувале кон Велес каде Мартулков би организирал превоз кон Бугарија. Неколку дена после средбата неговите другари го посетиле Мартулков во неговиот стан во Велес, и тој со помош од Македонски Турчин од Тетово им дадол лажни турски пасоши за неговите другари за преминувањето на македонската-бугарска граница. Мартулков во неговата автобиографија истакнал како случајот помогнал со поставувањето на основните темели на комитетот. Во почетокот на август 1914 година Мартулков заедно со Јордан Шурков, Никола Војницалев, Мишо Николов, Никола Јанчев, Георги Богданов и Лазар Белештев организирале конференција во Велес со цел да се договориле за иднината на македонскиот народ како дел од првата светска војна.
Основачка конференција
Во конференцијата дискутирале различни теми, како бројот на мобилизирани се зголемувало додека бројот на Македонци кои нејќеле да учествуваат во војната и фронтот се зголемувало. За судбините на македонските војници кои си го пожртвувале животот за странски држави. Тие не можеле да продолжат со нивното набљудување — требало некакви мерки да превземале. Во конференцијата главната тема на дискусија била формирањето на комитетот, Јордан Шурков заедно со неговите другари сметале дека најсоодветниот начин на организирање отпор против мобилизацијата би било обновувањето на Македонската револуционерна организација и да се формирало вооржени чети. Четата ќе биле составени од војводи и дезертери, после неколку дена во четата дезертерот ќе бил префрлан во Бугарија. Со четите Шурков планирал истовремено да ја саботажира српската окупација на Македонија, планот бил популарен меѓу претставници во конференцијата но главниот отпорник на планот бил стариот македонски социјалист Александар Мартулков.
Александар Мартулков сметал дека условите за обновувањето на Македонската револуционерна организација и материјалите за формирање на чети биле неопходни. Тој се грижел за можноста дека ако формирале таква институција тогаш српската влада би користела посурови мерки за да ја спречи организација, како индиректен резултат од тоа со посурови мерки македонското население би страдало повеќе. Мартулков исто така сметал дека после неколку месеци организацијата би се проширила во толкаво ниво што би било тешко да се подржи со материјални средства. Заради тоа Мартулков предложил формирање на таканаречено „експедиторско друштво“ кое би организирало превозни канали за префрлување на македонски дезертери од српската армија во Бугарија. Мартулков го користил случајот со неговите другари Кочо Бандиков и Петре Хаџи Ничов како пример. После неколку часа дебатирајќи, идеата на Мартулков била прифатена и комитетот бил формиран. Првиот канал на организацијата била од Велес до Штип, го формирале каналот со помош од македонски револуционери како Марко Чакар, Петре Оризарчето и Трајко Ракот.
Дејство мини|Радовиш за време на првата светска војна. Комитетот бил многу успешен во своите мисии и повеќе луѓе биле преместени во Бугарија безбедно, тие главно биле преместени во градот Струмица, бидејќи градот во тоа време било дел од Бугарија како резултат од поделбата на Македонија во 1913 година. Поради тоа таа била најблиската бугарска територија до Велес, нивниот главен пат поминал низ Штип, а потоа се подели на повеќе правци. Некои патеки биле од Штип до Радовиш, некои патувале до Кратово или Крива Паланка. Тоа зависило од колку слободен бил патот. Според Мартулков во првите денови успеале да евакуираат повеќе групи со околу 50, 100 и 150 лица редовно испратени во Струмица. Поради овој огромен број луѓе, српската влада брзо дознала за активностите на Мартулков и Шурков, но не знаеле кои патишта ги користеле или кои биле главните организатори на дезертирањето.
Еден од најстарите подгрупи на комитетот бил Радовишката околија, околијата ја зафаќала денешна Општина Радовиш и Општина Струмица. Најкористениот патен превоз кога ги префрлувале дезертерите било преку Велес-Штип-Радовиш-Струмица-Петрич. Претставувала еден од поорганизираните околии но била првата откриена и уништена од српската власт, во октомври 1914 година српската власт ја открива операцијата во Радовиш и го уништува подгрупскиот комитет и нејзините членови биле уапсани, меѓу нив се Коце Пецин, Туше Теохаров, Таше Дацев — стар револуционер и поранешен член на МРО, при револуционерното движење Гоце Делчев престојувал во неговиот дом, Петар Газепов, Илија Зафиров, Андон Мазев, Глигор Бујуклиев, Тодор Калајџиев, Туше Бораниев, Глигор Кршков и многумина други. По уништувањето на подгрупниот комитет бил известен Христо Симеонов — војвода и поранашен деец во МРО со потекло од Струмичко. Тој со неговата чета влегле во базата на комитетот во Радовиш и ги префрлиле останатите членови преку границата со Бугарија во Петрич, голем дел од префрлените биле жени.
На тие водачи кои биле уапсани и затворени, нивните услови биле ужасни. Српската власт вршела сурова тортура врз преставниците на комитетот со цел да добиле признанија и информации. Петре Газепов бил закачен на чингели и така бил лулан со ортома прикачена на таванот на турското турбе. Друг документиран случај е со Глигор Кршков, тој бил измачен и заради големата болка не можел да ја издржил и одлучи да се самоубие. Жандармите негово мртво тело го парчосале со ножеви. Други затвореници исто така се самоубиле како резултат од суровото мачење. По оваа провала, во Радовиш, околинските власти затвориле од градот и од селата вкупно 59 души. Додека бројот на тепани и осакатените било многу поголем. Иако каналот бил уништен прво, тие уште сепак успеале да организираат превоз за многумина Македонци од српската армија. Според проценките на Димитар Галев тие префрлиле над 600 војници со потекло од Радовишкиот реон од српската армија во Бугарија.
Кратовската околија била составена од денешна Општина Кратово, Општина Пробиштип и дел од Овче Поле и Општина Делчево. Комитетот имало големи успеси заради нивната близина до бугарската граница. Според некои проценка над 1.000 жители од Кратовската околија ја дезертирале српската армија и се преселиле во Струмица, тогаш дел од Царството Бугарија. Во некои села целосно се преселило машкото население, кога српспката власт откриле за кратовската околија тие превземале строги мерки. Според некои сведоци во селата без присуство на машко население тие ги тепале и мачеле жените и децата. Српската власт сметале дека тие се криеле во селата или градови и дека уште биле во Србија. Бројот на дезертери преку Кратовската околија се зголемило за време на Овчеполскиот пунт. Бунтот успеал да ја прикаже неспособноста на српската власт со мобилизирањето на македонското население. Пред формирањето на комитетот на дезертери сличен бунт се појавил во Крагуевац исто така организиран од мобилизирани Македонци кои нејќеле да се бореле за странски сили.