Детско одморалиште „Титови пионери“ — детско одморалиште во непосредна близина на селото Николиќ, сместено на северниот брег на Дојранското Езеро, во југоисточниот дел на Македонија.

Одморалиштето се наоѓа во многу лоша состојба, целосно напуштено, обраснато со вегетација, а внатрешноста е целосно руинирана.

Местоположба

Одморалиштето се наоѓа на северниот брег на Дојранското Езеро, пред самото село Николиќ.

Архитектура

Градбата поседува пет посебни единици кои се симетрично поставени, како и заеднички придружни објекти. Самата градба е од комбинација на изложен (натур) армиран бетон и груба малтерна обработка со нагласен висок кров поставен на метална конструкција.

Сопственост

Според последни достапни информации до 2015 година, објектот бил во сопственост на Министерството за труд и социјална политика, кога имало обид да се продаде заедно со уште пет други вакви одморалишта.

Во 2022 година, од Општина Дојран изјавувале дека има голем интерес да се инвестира во ова место.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детски одморалишта во Македонија Категорија:Николиќ