Македонско знаме — македонски прогресивен весник издаден од истакнатиот социјалистички политичар и активист Александар Мартулков. Весникот претежно се борел за интересите на Македонците во Бугарија и бил издаден од народната студенска група „Гоце Делчев“. Весникот е познат во македонската историографија заради нејзините силни промакедонски ставови во тој период. Весникот е основан поради повеќе причини, но главната е киднапирањето на Симеон Кавракиров на 8 јуни 1932 година. Мартулков бил близок пријател на Кавракиров, па неговото киднапирање предизвикало протест кај Мартулков и неговата група. Неколку дена откако Кавракиров бил киднапиран повеќето водечки членови на ВМРО (Обединета) организираа протести пред бугарскиот парламент во Софија.

Киднапирањето на Симеон Кавракиров било организирано од членови на ВМРО (Автономисти) под наредба од тогашниот водач Иван Михајлов, како резултат од тоа весникот во поголемиот дел од своето постоење ги критикувале незаконските постапки на Иван Михајлов и неговата група, а главните организатори на критиките во весникот биле Мартулков и Христо Трајков. Поради негативна критика на Мартулков кон Михајлов, во 1933 година дошло до неуспешен обид на атентат организиран од Михајлов во кој тешко го повредил Мартулков и го убил Христо Трајков. После атентатот критиките на Михајлов се зголемиле и Мартулков станал познат во македонски и бугарски медиуми поради неговата храброст. Весникот исто така станал познат.

Во втората половина на 1933 година и првите месеци од 1934 година се појавила голема поделба меѓу уредниците во весникот, од една страна Васил Хаџи Кимов пишувал статии во кои го поддржува обединувањето на Македонија кон Бугарија и го сметаше македонскиот народ како бугарски. Тој исто така ја пропагирал Санстефанската Бугарија и го одбил резолуцијата на Коминтерната од 1934 година за македонското прашање. Од друга страна, Васил Ивановски пишувал статии каде ја промовирал идејата дека Македонците се свој посебен народ со свој јазик и имале право на самоопределување. За време на оваа поделба, Мартулков застана на страната на Васил Ивановски, заради тоа во 1934 година Хаџи Кимов бил отстранет како уредувач.

Основање

мини|244x244px|Александар Мартулков — основач и сопственик на весникот.Во 8 јуни 1932 година, Симеон Кавракиров, водечки член на ВМРО (Обединета) му ја дадол наредбата на Владимир Поп Томов да отпатува во Советскиот Сојуз на преговори со Комитерната. Откако Томов замина, а Симеон ја заврши својата должност за денот кога реши пешки да се врати дома, додека поминувајќи ја улицата „Генерал Паренсов“ таму меѓу темнината запрало возило, од нејзе излегле двајца мажи и жени облечени во црно, под наредба на Иван Михајлов тие го киднапираа Кавракиров. Според некои сведоци тоа било околу полноќ помеѓу 8-ми и 9-ти јуни. Според нив имало околу 5-6 луѓе кои го киднапирале Кавракиров. После киднапирањето еден маж и жена го забележале автомобилот како заминува и го молеле сопственикот на блиската продавница „Нов Измир“ да го користат нивниот телефонот за да можат да го пријават кон полиција, а според нив автомобилот бил со број 1122 или 1244. лево|мини|226x226пкс|Симеон Кавракиров Киднапирањето предизвикало големо политичко неодобрување на тогашната бугарската влада од страна на големата македонска емиграција. Во повеќе писма испратени од благотворителни братсва се молело да престане насилството од ВМРО (Автономисти) предводена од Иван Михајлов и да се ликвидира неговата терористичка група. Не само тоа, протести стигнаа и од странски земји, огромни македонски емигрантски заедници во Австралија, САД и Канада испратија писма со негативни критики кон владата. И тогашните членови на ВМОРО (Обединети) беа крајно разочарани од лошото справување со киднапирањето од страна на бугарската влада, тие го обвинија огромното влијание штo михајловистите го имале врз бугарската политика. Тие ги обвинија и за саботирање на изборите за прогресивни македонски кандидати во бугарскиот парламент, нешто што социјалистот Александар Мартулков потврди во своите спомени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“.

На 27 јули 1932 година Мартулков заедно со други значајни членови на ВМРО (Обединета) организирале протести пред главната зграда на бугарскиот министер за внатрешни работи со надеж дека Михајлов ќе биде казнет. Но, немало некаков добиток од протестите. Поради тоа македонската емиграција решила да создаде весник како вид на протест против бугарската влада. Како резултат на тоа Александар Мартулков го создал весникот „Македонско знаме“. Во првиот број на весникот било изложена програмата на весникот и нејзините политичките, освен тоа што било претежно составено со писма поплаки од повеќе надворешни и внатрешни организации во врска со неактивноста на бугарската влада и случајот со Симеон Кавракиров. Името на весникот „Македонско знаме“ потекнува од бугарскиот весник „Знаме“ кој бил во сопственост на Демократската партија на Бугарија, во тој период Мартулков бил член на партијата како претставник на македонското малцинство, поради тоа при создавањето на својот весник го нарекол „Македонски знаме“.

Дејствување

лево|мини|301x301пкс|Исечок од весникот, година II, број 22, издаден во улица „Јосиф В. Гурко“. Весникот доживеал голем успех популарност меѓу прогресивната македонска емиграција во Бугарија и до одреден степен со пошироката бугарска јавност, весникот станал популарен поради тоа што главните уредувачи ги документира сите ужасни злосторства што Иван Михајлов ги вршел заедно со неговата група против Македонците во Бугарија. Поради нивните агресивни статии кон Михајлов, Мартулков заедно со другите уредници добиле редовни закани од членовите на ВМРО (Автономистичка). Според македонскиот публицист Боро Мокров, весникот бил прилично интересен поради нејзините уникатни ставови во споредба со другите весници во тоа време. Весникот имало јасна промакедонска програма со социјалистички ставови и главно застана на страната на ВМРО (Обединета), во нејзе биле објавени различни апели за правата на македонската емиграција и апели против Иван Михајлов. мини|205x205пкс|Васил Ивановски Покрај нивните промакедонски и социјалистички ставови тие исто така пишувале повеќе негативни статии за неоврховизамот и нејзините следбеници. Весникот исто така имал успех меѓу македонските социјалистички групи не само во Вардарска Македонија туку и во Егејска Македонија, весникот дури произведел и неколку статии за истакнатиот македонски поет Кочо Рацин, а според македонскиот историчар Блаже Ристовски Рацин бил свесен за овие статии. Друг значаен автор во весникот е револуционерот Васил Ивановски, кој напиша повеќе статии за иднината на Пиринска Македонија. Според Мартулков, весникот бил прилично популарен во Бугарија и често бил целосно распродаден.

Весникот уште во првата година од објавувањето се судрила со многу проблеми со тогашната бугарска власт. Во тој период бугарскиот парламент одобрил нов закон со името „Закон за заштита на државата“, тој закон исто така бил користен за депортацијата на Македонските Евреи. Според Александар Мартулков во неговите мемоари нивниот весник го прекршил седмиот член на законот кој вели „Тој што усно, писмено или преку печатени, уметнички или други дела поттикнува непријателство, омраза или криминал против одделни класи или слоеви на населението или воспоставените власти и со тоа може да го загрози јавниот ред и ред и мир во земјата, ќе се казни со строга затвор од 3 до 8 години и парична казна од 50.000 до 300.000 лева“.Законъ за защита на държавата, чл 7. (1924)

Поради тоа тие редовно морале да го менуваат седиштето на весникот и редовно да го менуваат издавачот, прв издавач им беше печатницата на инженер Г. Добринов, а потоа од вториот до третиот број бил издаден во печатницата со името „Браќа Миладиновци“, од четврти до дванаесети број бил издаден во печатницата „В. Иванов“, од петти до шести број се издавал во печатницата „Графика“. Од седмиот до тринаесетиот број бил издаден во печатницата „Типограф“, од десеттиот до единаесетиот бил издаден во печатницата „Просвештение“. За седумнаесетиот број весникот бил издаден само во печатницата „Нова литература“, додека осумнаесеттиот бил издаден само во печатницата „Викторија“ и од деветнаесеттиот до последниот бил издаден од печатницата „Независимост“, кој бил сместен во улицата „Јосиф В. Гурко“, број 32 во стариот дел на градот Софија.

Проширување на весникот мини|258x258px|Статија за атентатите на Александар Мартулков и Христо Трајков во македонскиот весник „Македонско дело“. лево|мини|Први број на весникот „Македонија“, под сопственост на михајловистите во ВМРО (Автономисти)Весникот доживеал голем успех и се проширил меѓу публиката поради нејзиниот храб став кон тиранијата на Иван Михајлов и неговата група. Но, тоа предизвикало спорови и полемики со македонскиот весник „Македонија“ кој бил во сопственост на значајни членови во ВМРО (Автономисти). Покрај тоа што весникот е забранет, михајловистите не биле задоволни од тоа што весникот ги разоткривал нивните злосторства и ја критикувале нивната група, поради тоа на 12 јануари 1933 година се обиделе да го убијат сопственикот на весникот Александар Мартулков, но успеале само да го ранат. На 24 јануари истата година решиле да го убијат уште еден познат уредник на весникот, Христо Трајков, овој пат успеале и тој бил ликвидиран.

Александар Мартулков во своите мемоари истакнал дека и покрај тоа што се обиделе да го убијат, тој не престанал да го издава и уредува весникот. Обидот за атентат, исто така, не го убеди Мартулков да си ја намали критиката кон Иван Михајлов и всушност му го подигна моралот да ја продолжи битката против македонските терорист, тој испрати апел до бугарскиот парламент во обид да го уапси, но немал успех. Обидот за атентат врз Мартулков и убиството на Трајков исто така станале познати меѓу медиумите во странски земји, заради тоа бугарската влада редовно добивала апели од меѓународни фигури кои побарале да се спречи Михајлов, според Мартулков, дури Томас Ман, Ромен Ролан и Алберт Ајнштајн испратиле апел.

На 19 мај 1934 година во Царството Бугарија се одвивало државен удар кој ја замени тогашната бугарска влада, за време на државниот удар новата влада конечно успеале да ја ликвидираат силата и групата на Иван Михајлов, главните членови во групата биле уапсани и казнети. Поради тоа весникот си го изгубил една од главните причини за своето постоење, весникот исто така бил направен со надежот дека ќе го ослободиле Кавракиров од неговото киднапирање, но кога Михајлов и неговата група биле забранети, било веќе откриено дека Кавракиров бил убиен пред долго време. Поради тоа, весникот почнал повеќе да се ориентира кон македонската емиграција во Бугарија, со тоа весникот почна повеќе да се фокусира на концептот за независна Македонија и обединувањето на Пиринска Македонија со Вардарска Македонија.

Судир на интереси меѓу Васил Хаџи Кимов и Васил Ивановски

лево|мини|257x257пкс|Васил Хаџи Кимов мини|Статијата од Васил Ивановски во весникот „Македонско знаме“ со насловот „Што е нација“ лево|мини|178x178пкс|Првиот број на весникот „Македонска борба“, под сопственост на Васил Хаџи Кимов Во 1932 година кога весникот почнал да излегува Васил Хаџи-Кимов бил редовен уредник, па дури и самиот напишал неколку статии во весникот, по извесно време тој и Васил Ивановски немале никаков проблем и редовно соработувале за теми во врска со издавањето и уредувањето на весникот. Но, во 1934 година Комитерната го призна постоењето на уникатен македонски јазик и народ, поради тоа никнало голема поделба меѓу двајцата уредувачи. Хаџи Кимов бил убеден дека македонскиот народ не постоило и дека терминот „Македонец“ е регионален термин за луѓето од Македонија, а Ивановски бил убеден дека Македонците постоеле и дека имало големо малцинство на Македонци во Бугарија.